Од 8 часот утринава без вода ќе останат објектите на Македонскиот народен театар, Музичкото училиште, Министерството за транспорт и врски, како и Управата за водење на матичните книги на подрачјето на општина Центар.
Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување работи за поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална банка, лоциран на плоштадот Пресвета Богородица број 3.
Зафатот го изведува фирмата „Бауер БГ“, по што се очекува нормализирање на водоснабдувањето веднаш по завршување на работите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












