• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Дибиров ги замолкна навивачите на Еурофарм Пелистер

15/12/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Дибиров ги замолкна навивачите на Еурофарм Пелистер

Големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар максимално ги оправда очекувањата, завршувајќи со нерешени 27-27, исход за кој можат да жалат и двата тима. „Вардарци“ бидејќи водеа речиси до самиот крај, а „пелистерци“ затоа што имаа „плус еден“ и напад на триесетина секунди до крајот, но со почетничка грешка ја загубија топката и му овозможија на Дибиров од пенал да донесе голем бод за „црвено-црните“.

Обрадовиќ го отвори мечот со гол за водство на Еурофарм Пелистер, но Гаџа одговори со два погодоци на спротивната страна и прва предност за „вардарци“ (1-2). Двата тима се менуваа во водство, а голманите не беа премногу расположени во почетните десет минути, па со погодокот на Граџан Еурофарм Пелистер во 12. минута израмни на 6-6 на големото дерби.

„Црвено-црните“ беа нешто посконцентрирани во нападот, па во 15. минута преку Тото поведоа со 7-9, негатива при која домашниот тренер Жељко Бабиќ веднаш побара тајмаут. При резултат 9-10 Бабиќ го уфрли и Кизиќ на голманската позиција на местото на индиспонираниот Секељи (една одбрана за 17 минути игра), но Талески набрзина даде два гола против својот поранешен соиграч, за најубедливи „плус три“ за Вардар (9-12). Гостите од Скопје продолжија да доминираат, имаа и уште поубедливи 10-14 додека битолчани се мачеа да најдат одговор за Гаџа, Талески и за Тото. Шоуто на „вардарци“ продолжи, па по украдената топка од Дибиров и голот од контранапад на Гаџа гостите поведоа со 12-17, принудувајќи го Бабиќ и на втор тајмаут, по што на одмор се замина со убедливи 13-17 за „црвено-црните“ од Скопје.

Битолчани мотивирано влегоа во вториот дел, набрзина намалија на 15-17, но откако промашија напад за „минус еден“ Вардар набрзина се консолидираше, по што избраниците на Недановски рутински ја одржуваа предноста од четири гола (17-21 во 40. минута). Борко Ристовски блескаше кога беше значајно, му одбрани шут од крило на Маџовски, но Вардар не искористи напад за „плус пет“, по што Еурофарм повторно се приближи на два гола разлика (20-22).

Во последните десет минути се влезе со резултат 22-25, резултат при кој Периќ не реализираше пенал за Еурофарм Пелистер. „Пелистерци“ заиграа далеку подобро во одбраната, Вардар четири минути не постигна гол, па домаќините преку Периќ намалија на само еден гол негатива (24-25). И повторно кога беше најважно за Вардар блесна Анте Гаџа, кој го постигна и осмиот гол за водство од 24-26. Стоилов заработи исклучување, Еурофарм намали на 25-26, за потоа по комплетирањето на гостите Граџан да реализира за израмнување на 26-26 и еуфорија меѓу домашните навивачи во салата „Боро Чурлевски“.

Талески и Тото не реализираа, Периќ на спротивната страна изнуди пенал, по кој Мандалиниќ од седум метри донесе водство на Еурофарм Пелистер од 27-26. Вардар тргна во клучниот напад со „седум на шест“, но гостите направија почетничка грешка и ја загубија топката со пасивен напад. И кога победата требаше да биде рутина, „пелистерци“ почетнички ја загубија топката, а Вардар доби последна шанса за израмнување, згора на тоа со играч повеќе по исклучувањето на Маџовски. Гаџа тргна моќно и изнуди пенал, по што Дибиров стрелаше прецизно за реми од 27-27 и многу значаен бод во трката за титулата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони
Вести

Реал Мадрид го обезбеди потписот на Винисиус за уште шест сезони

06/08/2026
Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија
Вести

Македонија убедливо го отвори Европското првенство, Кипар немоќен во Гевгелија

06/08/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа славеше во трилер меч и обезбеди второ коло во Германија

04/08/2026
Олга Стефанишина повеќе не е амбасадорка на Украина во Вашингтон
Вести

Олга Стефанишина повеќе не е амбасадорка на Украина во Вашингтон

04/08/2026
Браво ја совлада Шкендија, реваншот во Скопје ќе го реши патникот понатаму
Вести

Тетовци со поволна ждрепка, но прво мора да го минат Хибернијан

03/08/2026
Виктор Златевски потпиша за Пелистер
Вести

Виктор Златевски потпиша за Пелистер

03/08/2026
Следна вест
ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ИЛИНДЕН – гори во близина на бензинска, пожар избувнал и во Институтот за трансфузиологија

Експлозија во Чаир, изгореа три автомобили

Најнови вести

Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом

Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом

07/08/2026
Само во Македонија: Осуденик собрал 4.000 евра од командири, им ветил вработување во МВР

Претрес во затворот „Идризово“, кај 29-годишен осуденик откриена дрога

07/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.