ОВЕН
Не трошете ја вашата енергија на ситници. Имате многу добра можност да напредувате. Само бидете поконцентрирани и не препуштајте им се на вашите емоции. Имате голем авторитет и тоа ќе ви помогне какви и преговори да водите.
БИК
Многу е веројатно дека денеска ќе бидете зафатени со работата, и тоа од причини кои се надвор од ваша контрола. Бидете спокојни, ќе постигнете задоволителни резултати и, пред сѐ, ве очекува значително подобрување на финансиската состојба. Можен е премор, внимавајте.
БЛИЗНАЦИ
Во претстојаат настани со кои ќе ги зацврстите своите позиции. Денот ветува дека ќе започне добро од утрото, но од вас зависи дали ќе успеете да ги контролирате емоциите. Личности од вашето опкружување се обидуваат да ја злоупотребат вашата попустливост. Тоа може да се надмине само со цврста, но дипломатска акција.
РАК
Не се сопирате пред ништо за да постигнете нешто ново, што долго време е вашата единствена цел. Тоа е во ред, но само ако навистина вреди целиот труд што го вложувате. Имате и голем број помали цели кои чекаат да се реализираат исто така, па не ги занемарувајте. На интимен план ве очекува нешто што ќе ви го промени секојдневието во позитивна насока.
ЛАВ
Тешко дека денеска ќе стапат во употреба плановите за кои долго размислувавте. Околностите ќе се развиваат независно од вас и тешко дека ќе можете да ги контролирате. Бидете подготвени да се прилагодите на секоја ситуација и не штедете пари за да ги остварите вашите аспирации. Бидете пољубезни кон личноста која се обидува да ви помогне.
ДЕВИЦА
Активностите посветени на другите ќе ве натераат да погледнете на вашиот живот од друг агол. Многу работи ќе се променат околу вас, следете ги вашите добри намери и бидете доследни во вашите постапки. Минатите настани ќе ве потсетат на работи за кои е добро да размислите повторно.
ВАГА
Вашите мисли се фокусирани првенствено на активноста што ја извршувате. Иновациите и промените во организацијата ќе ви помогнат да го зголемите профитот и да насочите дел од вашите финансии кон други работи. Сакате повеќе разновидност и можете да ја добиете ако не се затворите, туку барате вистински луѓе.
ШКОРПИЈА
Кога станвуа збор за работата, добрите вести ќе доаѓаат една по друга. Со задоволство забележувате дека сте ценети и претпочитани како партнер. Со одмерен тон и шармантна насмевка лесно ја постигнувате целта. Консултацијата со стручњак ќе ви биде само од полза, било за здравјето или за бизнисот.
СТРЕЛЕЦ
Со одржување дистанца во односите, ќе бидете информирани за мислењата на другите без тоа да влијае на вашата самодоверба. Бидете претпазливи и грижете се навремено за сопствените потреби, вклучувајќи го и вашето здравје. Бидете сигурни дека никој нема да ви забележи за ништо.
ЈАРЕЦ
Адекватно ќе се вклучите во решавањето на настанатиот проблем и ќе го завршите во текот на денот. Во однос на идните планови нема сѐ да зависи од вас, но со вашето активно присуство ќе ги насочувате случувањата во ваша полза. И доколку подароците не се традиција во вашето семејство, направете го тоа имајќи ги предвид претстојните празници.
ВОДОЛИЈА
Грижете се за вашите итни задачи и започнете го денот со нив. Емоциите и возбудливите состаноци можат да ви го одвлечат вниманието од важните работи, затоа бидете поодговорни. Помалку размислувајте за тоа кој што кажал, испраќајте позитивни сигнали до сите и ќе се чувствувате добро.
РИБИ
Можеби се двоумите. Склони сте на импулси кои ве тераат да сакате да ги завршите сите ваши задачи во еден миг, но следниот момент се појавува нешто друго и ве успорува. Што и да чувствувате, нештата ќе се случат. Решавајте ги проблемите во лет и размислувајте позитивно, без да криете гнев в себеси кон никого.













