Ракометната репрезентација на Македонија доби поволна ждрепка за квалификациите за Европското првенство 2028, што отвора реални шанси за продолжување на континуитетот на настапи на големите натпреварувања.
Иако во фокусот моментално е баражот за пласман на Светското првенство против Словачка, веќе се познати и противниците во квалификациите за континенталниот шампионат.
Македонија, која беше сместена во вториот шешир, ќе игра во групата 8 против селекциите на Грција, Луксембург и Шведска.
Дуелите со Грција традиционално носат дополнителен набој и атмосфера, особено на домашен терен во Скопје, додека Луксембург важи за противник против кој Македонија има позитивен биланс. Најголем предизвик во групата ќе биде селекцијата на Шведска, која важи за фаворит.
Квалификацискиот циклус започнува на есен со два натпревари, додека преостанатите четири ќе се одиграат во пролетта 2027 година.
Пласман на Европското првенство 2028, кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија, ќе обезбедат двете најдобри селекции од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













