Saturday, July 27, 2024

Душко ја викал Северина на јахта, Карлеуша го обвини дека и се заканувал

Душко Тошиќ, се уште легалниот сопруг на Јелена Карлеуша е во Истанбул и објави дека ужива додека шета по Босфорот. Најмногу внимание привлече закотвената јахта. Објасни и зошто и пишал на Северина.

Неодамна купив јахта која е усидрена на Босфор.Сакав да прославам и пријателите од групата на „Ватсап“ ми предложија Северина да ни пее.Тоа е причината за мојот контакт-објасни фудбалерот.

 

Јелена Карлеуша пак се огласи по изјавата на Душко дека сака спогодбен развод.Таа целосно си ја отвори душата и ги раскажа деталите од животот со Тошиќ.

– Додека спијам со моите деца во соба, „другата страна“ (како што ме нарекува) објавува видеа од приватна забава. Што се однесува до заканата што ја напиша, морам да кажам дека со години континуирано трпам закани од тој вид, следење, прислушување, уцени, навреди, физички напади итн. Би ја замолил „другата страна“ конечно да одговори на предлозите за спогодбен развод за кој чекам пет години. Тоа е се што треба да направи наместо јавно да и се заканува на мајката на неговите деца, која милион пати застанала за него и поради него – напиша Карлеуша на Инстаграм.

Ad

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест