ЕУ попушти пред притисокот на некои нејзини членки околу примената на новиот ЕЕС систем, откако Европската комисија го активираше долговетуваниот „флексибилен режим“ и им даде можност на државите да го паузираат системот, за време на големи гужви на границите.
Неодамнешната одлука на Грција да го суспендира Системот за туристите од Велика Британија предизвикува домино ефект низ медитеранските туристички дестинации.
Португалија и Италија сега се подготвуваат да ги напуштат новите биометриски проверки за да спречат сериозни доцнења на аеродромите и да ги заштитат своите туристички сектори пред прометната летна сезона.
Истото го најавуваат и Хрватска, Шпанија и Франција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












