Барселона ја победи Реал Мадрид со 3:2 во финалето на Супер Купот на Шпанија, одиграно вечерва во Џеда, Саудиска Арабија. Победата на каталонската гордост беше резултат на едно вистинско фудбалско лудило. Ел Класико, иако далеку од Шпанија и Европа, понуди неверојатна шоу-презентација.
Првиот дел заврши со 2:2. По првиот гол на Рафиња, Левандовски, Винисиус и Гарсија го израмнија резултатот. Второто полувреме не донесе многу голови, но Рафиња повторно се запиша во стрелците во 73-та минута, по асистенција на Олмо, за конечни 3:2.
Во самиот финиш во игра влезе Мбапе, а Реал имаше барем три стопроцентни шанси, додека Рашфорд на спротивната страна исто така се обиде да ја промени судбината на натпреварот. Сепак, резултатот остана 3:2 во корист на Барселона, предизвикувајќи голема еуфорија кај фановите на каталонскиот клуб, а кај “кралевите“ – голема тага.
Неутралните гледачи, пак, можеше само да уживаат во уште една спектакуларна фудбалска претстава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












