• Импресум
Saturday, June 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Финале за паметење: Норвешка подобра од Германија со 23-20

15/12/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Финале за паметење: Норвешка подобра од Германија со 23-20

Женската ракометна репрезентација на Норвешка ја оправда фаворитската улога и ја освои титулата светски шампион, но до златото стигна потешко од очекуваното. Во финалето на Светското првенство, кое се играше во Холандија и Германија, Норвешка со 23-20 ја совлада исклучително мотивираната селекција на Германија и ја освои својата петта светска титула.

Иако на хартија важеше за аутсајдер, германската репрезентација одигра борбен и дисциплиниран натпревар, држејќи го резултатот неизвесен речиси до самиот крај. За Германија ова беше прво финале на големо натпреварување по 1994 година, а сребрениот медал воедно е нивен прв од 2007 година.

Натпреварот во Ротердам започна со подобра игра на Германките, кои изненадија со цврста одбрана и рано поведоа со два гола разлика. Посебно добро беше неутрализирана најголемата ѕвезда на Норвешка, Нора Мерк, што дополнително го отежна нападот на фаворитот.

Сепак, избраничките на Оле Еревик успеаја постепено да се консолидираат и да ја вратат рамнотежата, па првото полувреме заврши без победник – 11-11.

Во вториот дел Норвешка делуваше физички посилно, но Германија не дозволуваше резултатско одлепување. Клучниот момент се случи при резултат 20-19, кога Германките не ја искористија шансата за израмнување. Следеше казна – Норвешка постигна серија голови, се одлепи на плус три и го реши финалето во своја корист.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историски рекорд: Маск станува првиот трилионер
Вести

Историски рекорд: Маск станува првиот трилионер

13/06/2026
Јапонија ја премина црвената линија, обвини Кина
Вести

Пекинг незадоволен од најновите санкции на САД кон кинески компании

13/06/2026
Компромис во Брисел: Одобрен заем од 90 милијарди евра за Украина
Вести

Обединетите нации алармираат: Рекорден број цивилни жртви во Украина во мај

13/06/2026
Полска ги крена своите авиони и собори руски дронови: Oперацијата е во тек, испратено предупредување до граѓаните
Вести

САД соборија ирански беспилотни летала во близина на Ормутскиот теснец

13/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Без вода делови од Скопје: Прекини на повеќе улици поради дефекти

13/06/2026
Одличен почеток за САД на Светското првенство
Вести

Одличен почеток за САД на Светското првенство

13/06/2026
Следна вест
СДСМ избира нов лидер на партијата

Утре важен ден за опозицијата: СДСМ ќе бара нова енергија во своите редови бирајќи ново раководство

Најнови вести

Историски рекорд: Маск станува првиот трилионер

Историски рекорд: Маск станува првиот трилионер

13/06/2026
Јапонија ја премина црвената линија, обвини Кина

Пекинг незадоволен од најновите санкции на САД кон кинески компании

13/06/2026
Компромис во Брисел: Одобрен заем од 90 милијарди евра за Украина

Обединетите нации алармираат: Рекорден број цивилни жртви во Украина во мај

13/06/2026
Полска ги крена своите авиони и собори руски дронови: Oперацијата е во тек, испратено предупредување до граѓаните

САД соборија ирански беспилотни летала во близина на Ормутскиот теснец

13/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Без вода делови од Скопје: Прекини на повеќе улици поради дефекти

13/06/2026
Одличен почеток за САД на Светското првенство

Одличен почеток за САД на Светското првенство

13/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.