Министерството за внатрешни работи продолжува со засилената борба против нелегалната трговија и производство на марихуана. Во голема полициска акција спроведена утрово, од фирмата CBD Medplant биле запленети вкупно дваесет и една тон марихуана.
Првичните информации покажуваат дека станува збор за количини произведувани под сомнение за злоупотреба на дозволите за одгледување канабис за медицински цели. Акцијата отвора прашања за тоа како биле користени дозволите, како и за евентуално постоење на организирани мрежи и политичка заштита.
Во наредниот период се очекуваат дополнителни информации и можни приведувања, а институциите најавуваат целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












