Високиот советник на иранскиот врховен лидер, Мохсен Резаи, изјави дека Техеран размислувал за напади врз неколку цели во Украина, но дека плановите биле откажани по директни контакти со Киев.
Во интервју за иранската државна телевизија, Резаи тврдел дека Иран имал намера да нападне три објекти во Украина, но одлуката била повлечена откако, според неговите зборови, украинската страна упатила извинување.
„Имавме намера да извршиме напад врз три објекти во Украина, но го откажавме откако Украина се извини“, изјави Резаи.
Неговата изјава беше пренесена од иранската државна телевизија „Прес ТВ“, но не се наведени дополнителни детали за кои објекти станувало збор, ниту кога наводно се случиле контактите меѓу Техеран и Киев.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












