Ландо Норис стана нов светски шампион во Формула 1, освојувајќи ја титулата со третото место на последната трка од сезоната во Абу Даби. Иако на „Јас Марина“ триумфираше Макс Верстапен со Ред Бул, победата не му беше доволна за да го престигне Британецот во генералниот пласман.
Втор низ целта помина неговиот тимски колега Оскар Пјастри, кој исто така имаше математика за титула, но на крајот токму Норис го задржа водството што го имаше пред финалниот викенд. Тој пристигна во Абу Даби со 408 бодови и знаеше дека пласман меѓу првите три ќе му биде доволен за да стане првак – што и го оствари.
Во конечниот збир, Норис остана пред Верстапен за само два поени и за првпат во кариерата ја освои светската круна. Ова е и прва титула за возач на Мекларен по 2008 година, кога Луис Хамилтон стана шампион.
Мекларен уште претходно ја обезбеди титулата кај конструкторите, заокружувајќи историска сезона за тимот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












