• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ЈСП ги паркира автобусите пред Владата

19/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
ЈСП ги паркира автобусите пред Владата

Протестна блокада на сообраќајницата пред македонската Влада со неколку автобуси направи денеска раководството на ЈСП „Скопје“ поддржано од Градот Скопје и генералниот секретар Зоран Глигоров. Тие го попречија сообраќајот поради тоа што Владата не им исплатила пари за бесплатен превоз за ученици и студенти во висина од 2 милиони евра. На протестот пред Владата немаше вработени во ЈСП „Скопје“, освен неколкумина шофери кои ги донесоа автобусите. Синдикалните организации во ова градско јавно претпријатие претходно најавија дека нема да протестираат денеска и дека ќе чекаат на сметките да им легне платата за септември, а ако тоа не се случи утре наутро во 4:30 часот со своите семејства ќе излезат на протест пред ЈСП и автобусите нема да сообраќаат

На протестот пред Владата, Зоран Глигоров рече дека „Оној што должи мора да плати“.

-Скопјани заслужуваат јавен превоз и ќе го добијат. Вработените во ЈСП заслужуваат плати и дека ќе ги добијат. Градот Скопје стои позади нив. Кон јавното претпријатие стои отворен долг од 120 милиони денари од МОН за линиски превоз, кој се разликува од договорен превоз. Јавното претпријатие ја исполнува својата обврска и не ја прекинало, рече Глигоров.

Директорот на ЈСП Александар Стојковски рече дека сега се непрофитабилни.

-ЈСП „Скопје“ е непрофитабилно претпријатие со бесплатни билети за пензионери, ученици, студенти. Ние добиваме секој месец субвенции од Град Скопје. Јас повеќе би се радувал ако влезам во оптиматизација на возниот ред. Таа не е направена 20 години, тоа сега го работиме, рече Стојковски.

Утрово пак, автобусите на ЈСП беа повлечени од сообраќај, откако во претпријатието стигнала закана за поставена бомба во возилата.

Африм Муча, претседател на независниот синдикат на возачите во ЈСП Скопје на денешната прес-конференција најави дека утре, рано наутро, заедно со семејствата ќе протестираат пред седиштето на ЈСП, ако денеска не им биде исплатена септемвриската плата, а автобусите нема да возат.

-Утре се договоривме да дојдеме со семејствата во 4.30 часот сабајле. Градоначалничката и Градот Скопје земаа плата, тие се со полни стомаци, ние сме гладни. Денеска е 19-ти, кога ќе добиеме плата, кога ќе јадеме? И ние имаме деца како што таа има деца и како што директорот има деца, рече Муча.

Владата вчера соопшти дека нема долгови кон ЈСП. Министерството за образование и наука денеска објави дека редовно ги сервисира своите обврски кон сите субјекти за што има регулирани законски надлежности или пак со кои има склучени договори по разни основи кои иницираат финансиски обврски, што не е случај со ЈСП „Скопје“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство
Вести

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау
Вести

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас
Вести

Над илјада граѓани побарале лекарска помош, Клековски оди во Гостивар

18/07/2026
Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“
Вести

Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

18/07/2026
Следна вест
Галески: Додека владата и Арсовска си ја префрлаат топката страдаат 1000 семејства без плати и скопјани

Галески: Додека владата и Арсовска си ја префрлаат топката страдаат 1000 семејства без плати и скопјани

Најнови вести

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Над илјада граѓани побарале лекарска помош, Клековски оди во Гостивар

18/07/2026
Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.