• Импресум
Tuesday, July 14, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

КАДЕ ИСЧЕЗНА НАКИТОТ НА ЗАГИНАТИТЕ во несреќата во Бугарија? Родните бараат одговори и паралелна истрага

21/01/2022
Време за читање: 1 минути
A A
КАДЕ ИСЧЕЗНА НАКИТОТ НА ЗАГИНАТИТЕ во несреќата во Бугарија? Родните бараат одговори и паралелна истрага

Роднините на загинатите во автобуската несреќа со автобусот на Беса Транс во Бугарија во која животот го загубија 45 македонски граѓани бараат одговори и забрзување на истрагата. Воедно тие бараат и паралелна истрага, но и каде исчезнал накитот од нивните блиски кои ги загубија животите.

Кјамуран Пајазитовски на кого 17-годишниот син и снаата му загинаа во несреќата во Бугарија,  а брат му е на раб на самоубиство вели дека другиот син не сака да оди во училиште без братот со кого секој ден заедно оделе на часови, сопругата постојано му плаче, а него, покрај тагата, најмногу го мачи и чувството на немоќ од безуспешните обиди да добие одговори – што точно се случило? Бара забрзување на постоечката и паралелна истрага за причините за автобуската несреќа во која загинаа 45 лица.

Пајазитовски вели дека има докази дека неговата снаа за време на патувањето со себе имала накит вреден седум илјади евра.

Од Обвинителството тврдат дека, личните работи кои се испратени од бугарското обвинителство се запечатени и се наоѓаат во македонското Mинистерство за надворешни работи. Се чека МВР да направи попис, за да се види што се има, по што ќе бидат предадени на роднините. Сѐ уште трае предистражната постапка и уверуваат дека тоа ќе се случи во најбрз можен рок.

Предметот за обезбедување на доказите е поднесен пред Окружниот суд во Перник. Во случајот во Перник, експертите повторно ќе ги испитуваат свиоците, ознаките и патната инфраструктура.

Од Националната истражна служба на Бугарија минатиот месец како главна верзија за несреќата ја утврдија неусогласената брзина со постоечките услови на патот и нагласија дека патната инфраструктура ги исполнува стандардите. Доколку се утврди дека единствениот виновник е возачот, тогаш кривичната постапка ќе биде прекината.  Роднините на загинатите ќе имаат право на побарувања од осигурувањето на возачот. Побарувањата ќе бидат поднесени во Бугарија, каде лимитите се согласно европските стандарди и се речиси 20 пати повисоки од тие во Македонија.

 

ИЗВОР: Вечер.мк

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изет Меџити потврди: Албанската опозиција ќе има кандидат албанец за претседател на државата!
Вести

Семафор или уривање на надвозникот кај Бит-пазар, одлуката допрва ќе се носи

14/07/2026
ВРЕДИ: Училиштето е патот кон соништата, успеси за учениците и наставниците!
Вести

ВЛЕН: Новите министри ќе се мерат според резултатите

14/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов
Вести

Украински напад предизвика прекин на електричната енергија во Севастопол

14/07/2026
Комуналец Прилеп: Чистите јавни површини се заедничка одговорност
Вести

Државната ревизија утврди бројни неправилности во работењето на скопска „Комунална хигиена“ за 2024 година

14/07/2026
Санирано детското игралиште во Кисела Вода по вандалскиот напад
Вести

Санирано детското игралиште во Кисела Вода по вандалскиот напад

14/07/2026
Приведени двајца криминалци од Арачиново барани со потерница
Вести

Пијан велешанец се опил и правел неред на улица, полицијата го уапсила

14/07/2026
Следна вест
СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ: Треба да се укине една од мерките која нема ефект против омикрон

СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ: Треба да се укине една од мерките која нема ефект против омикрон

Најнови вести

Изет Меџити потврди: Албанската опозиција ќе има кандидат албанец за претседател на државата!

Семафор или уривање на надвозникот кај Бит-пазар, одлуката допрва ќе се носи

14/07/2026
Доколку продолжи аматеризмот, европска есен може да биде само сон за Вардар

Вардар во Финска брка негатива од два гола

14/07/2026
ВРЕДИ: Училиштето е патот кон соништата, успеси за учениците и наставниците!

ВЛЕН: Новите министри ќе се мерат според резултатите

14/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов

Украински напад предизвика прекин на електричната енергија во Севастопол

14/07/2026
Комуналец Прилеп: Чистите јавни површини се заедничка одговорност

Државната ревизија утврди бројни неправилности во работењето на скопска „Комунална хигиена“ за 2024 година

14/07/2026
Санирано детското игралиште во Кисела Вода по вандалскиот напад

Санирано детското игралиште во Кисела Вода по вандалскиот напад

14/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.