• Импресум
Sunday, July 12, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Не смеев да и кажам ниту на жена ми: 13 години ја чував најголемата тајна на Југославија

16/02/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Не смеев да и кажам ниту на жена ми: 13 години ја чував најголемата тајна на Југославија

“Кога во март 1979 година потпишав договор за чување на државна тајна, не ни помислив дека во длабочината на себе си повеќе од 13 години ќе морам да ја чувам најголемата тајна на Југославија. Тајната која од темел ќе ми го промени животот.”

Со овие зборови ја започна својата приказна Шериф Габовиќ, пензиониран полковник на Војската на Федерацијата БиХ, раководител на смена во подземниот објект АВК недалеку од Коњиц.

Грабовиќ, како триесетгодишен перспективен воен полицаец на поранешна ЈНА, 1979 година бил прекомандуван во подземен воен објект, кој Титовите партизани во босанскохерцеговските планини го граделе цели 26 години.

Повеќе од 3.000 метри квадратни современ бункер, длабоко во утробата на планината Прењ, во случај на избивање на 3 СВ, нуклеарно препукување помеѓу источниот и западниот блок во кој се подготвуваа сценаријата за Југославија, би требало да го примат претседателот и врховниот штаб.

Ниту мојата жена не знаеше за тоа…

“Бункерот, фала богу, никогаш не послужил за својата намена, но секогаш бевме спремни да го примиме Тито и Врховниот штаб. Тринаесет полни години поминал, а на мојата сопруга никогаш не и кажав кој објект го обезбедувам и какво ми е работното место. Се што знаеше е дека работам во Коњиц. Всушност, на пријателите и семејството не им беше интересно со што се занимавам, бидејќи не ни помислија дека наместо пушка, чувам објект вреден 4,5 милијарди американски долари.

За постоењето и наменеата на овој објект, знае само десетина генерали во Југославија и 15 луѓе, кои работевме на опслужување на бункерот”, вели Грабовиќ и тврди дека никогаш не се довел во искушение некому да каже за наменеата на објектот за кои граѓаните на Југославија одвоиле околу 4,5 милијарди американски долари.

“Од завршувањето на осмото оделение, гордо и служев на Југословенската народна армија. Војската ме одгледа, направи човек од мене и едноставно не постоеше ниту минимална можност да го предадам системот на кој безгранично му верував” додаде тој.

Пред почетокот на избивањето на војната во БиХ, Грабовиќ, како што вели, забележал дека ЈНА повеќе не е војска на чиј идеали би се воодушевувал.

Генерал Милутин Кукњац, тогашен командант на 7. армиска област на ЈНА, наредил во ноќта помеѓу 7 и 8 мај 1992 да се уништи објекот АВК.

“Уништи се што не можеш да понесеш”, гласеше наредбата која требало да активира 4.500 килограми тротил кој веќе бил поставен во букерот и кој ова безбедносно чудо би го претворил во обична дупка во планината.

“Како раководител на објектот, земав експлозив и го поставив на стратешките точки во објектот. При нападот на Територијалната одбрана на комплетниот воен комплекс, сите членови на ЈНА се засолнија во бункерот. Низ еден од тајните излези требаше да се евакуираме и од околните брда да го активираме експлозивот.

При паничното повлегување успеав да ги искинам жиците кои требаше да го активираат експлозивот, така што ништо не одлета во воздух”, вели Грабовиќ, истакнувајќи дека, освен нему, во спасувањето на објектот големи заслуги им припаѓаат и на Рајко Андриќ, работник на одржувањето кој му бил потчинет на Грабовиќ.

Живеев како Џејмс Бонд….

Иако изгледа дека демонтирањето на експлозивот беше едноставно, тој тврди дека ниту во најголемите шпиунски филмови не го видел она што го проживеал во април и мај 1992 година.

“Иако во тие 13 години на никој не му го открив постоењето на тој објект, тие месец дена живеев како Џејмс Бонд. Офицерите со кои работел во АВК, ме сметаа за верен кон идеалите и командата на ЈНА. Во Коњиц важев за најголем предавник на БиХ. Јас во меѓувреме, тајно дојдов во Сараево и им бев на рапсолагање на водечки луѓе од Територијалната одбрана кои ме советуваа да им се придружам.

Кога им дадов мали назнаки за тоа каква вредност имам во мои раце, не можеа да поверуваат. Ме оставија во Авк и во тие месец дена играв двојна игра која заврши среќно за сите. Службениците и офицеите од АВК се евакуираа, објектот остана неоштетен и јас и Рајко останавме живи и кога се се дозна, станавме херои и легенди на Коњиц” раскажува Грабовиќ.

“Ми веруваа слепо и мислам дека не ги изневерив. Никогаш не би ги загрозил нивните животи. Но едноставно, и покрај командата не можев да го уништам местото каде што ги поминав најдобрите години од животот и трудот на повеќе генерации да го уништам поради една наредба”, со овие зборови, Грабовиќ ја заврши својата приказна.

Веднаш после ова, објектот им беше доделен на граѓаните на БиХ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген
Вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово
Вести

Над 200 амандмани поднесени за измените на Буџетот за 2026 година

11/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии
Вести

Петер Маѓар: Конечно се ослободуваат милијардите од европските фондови

10/07/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена
Вести

Нова акција на Обвинителството: Приведени лекари во случајот со ботоксите

10/07/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври
Вести

Внесовте алкохол во студентски дом? Следува иселување и забрана од 5 години

10/07/2026
Следна вест
„Сама ги пораснав двајцата синови, кои сега се лекари, а мене нема кој да ме погледне- Што да правам?“

„Сама ги пораснав двајцата синови, кои сега се лекари, а мене нема кој да ме погледне- Што да правам?“

Најнови вести

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

Македонија надлежна за истрагата по проблемот со авионот на летот Солун – Меминген

11/07/2026
Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

Трагедија во светскиот фудбал, почина репрезентативец на Јужна Африка

11/07/2026
Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

Приведен 43-годишник откако го запалил знамето пред Општина Прилеп

11/07/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Приведен 36-годишник по кражба во маркет во Гостивар

11/07/2026
Конгресот на СДСМ се одложи, општинските организации ќе го разгледуваат извештајот

СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани

11/07/2026
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка партија

Мицкоски: Ние сме најнапредна земја во спроведување на реформи, уставните измени не се реформа

11/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.