• Импресум
Saturday, May 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Лажните ветувања да беа спорт, ќе бевме светски прваци

12/09/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Лажните ветувања да беа спорт, ќе бевме светски прваци

Да не ви се верува – Во Македонија постои фирма што произведува тревници за стадиони. Прилично успешно ја извезува македонска фудбалска трева низ цела Европа. Дури и дел од стадионите на Светското првенство што се одржа пред 6-7 години во Русија биле со „нашата“ трева. Неодамна дознав за ова. Многу пријатно се изненадив… ракоплескав на оваа успешна бизнис приказна.

И замислете покрај таква фирма – македонската власт дозволи да се срамиме со изораниот терен на кој ја пречекавме италијанската фудбалска репрезентација. Цела Европа пишуваше за тој срам. Додуша, на стадионот, кој други им го изградија, власта стави некоја „наша“ трева, ама не од онаа за стадиони, туку од онаа за селски пољани, каде што се игра селски, а не европски фудбал. Срамота!

Натпреварот Македонија – Италија уште еднаш на цела Европа и покажа како власта се грижи за успешното претставување на државата, колку е запоставен спортот и како не се вложува во иинфраструктурата. И не само сега, туку со години наназад тревникот на Арената е очаен. Така беше и при минатите квалификации за Светско првенство, кога капитенот на македонската репрезентација мораше да се срамува и јавно да им се извинува на романските и исландските фудбалери за ораницата на која играа.

Оваа негрижа го покажува односот на одговорните кон спортот. Го поставува и прашањето во што се вложуваат тие 15-16 милиона евра од буџетот на државата што годишно се издвојуваат за спортски потреби? Оти нешто ново не видовме, ниту е изграден некој капитален објект, ниту е нешто посебно инвестирано во осовременување на тренажните процеси, ниту пак е променета свеста на спортските функционери и на власта.

А може и поинаку! Еве нека прочитаат малку за да видат како останатите европски држави го ставаат спортот на пиедесталот на своите развојни планови. Оти спортот е бизнис, спортот е маркетинг, промоција… спортот е здравје.

За паралела само, Скандинавските држави во спортот, годишно трошат отприлика од 300-400 евра по глава на жител, а просекот кај најголем дел од европските држави е околу 200 евра. Во Македонија тој просек, за минатата година бил 8,5 евра по глава на жител спортски пари од државата. И уште гледаме колку тешко се наоѓаат спонзори и подржувачи, останува само да си ги поставиме прашањата, на кои одговорот е познат: Епа, што прави власта за спортот, освен што се фали дека прави? Епа како сакаме успех? Епа…

Нашите спортски радости, со многу ретки исклучоци, завршуваат некаде кај помладите генерации, каде што е најважен талентот. Потоа се поретко не има на светската спортска карта, оти негрижата на власта го угушува талентот, оти нема услови за за врвен спорт. Успешните тоа го прават со лични откажувања, желби, борби… и претежно со самофинансирање.

А таленти има, има и квалитетни тренери, може да имаме и успеси. Само ако има услови. Еве покажаа одбојкарите, ракометарите, кошаркарите, фудбалерите дека може Македонија да се „удри“ со поголемите, со поуспешните, со поразвиените. Покажаа и помалите спортови, оти не смееме и нив да ги заборавиме. Па колку сите се радувавме кога одненадеж на последните Олимписки игри теквондистите донесоа сребрен медал.

Неочекувано, заминаа тивко и – финале и медал. Нема да прашам што државата направи за нив пред Олимпијадата, оти знаеме дека не направи ништо, туку што направи по тоа? Некој тренинг центар? Не! Некоја кампања за да привлече повеќе млади деца да се зафатат со тренирање на овој спорт? Не! Организација на некои големи трунири? Не! И утре да не се чудиме ако на следните Олимписки игри не нема никаде во овој спорт. Освен се разбира, ако нашиот медалист, самиот не запне со своите тренери.

Нема доволно спортски терени. Не се одржуваат ниту тие што се изградени во минатото. Се е запустено! Тешки се условите во кои тренираат децата, но и врвните спортисти.

За жал тоа е ситуацијата околу спортот и оваа власт. За жал и лажните ветувања не се спорт, оти барем во тоа ќе бевме светски прваци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка
Вести

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
Вести

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!
Вести

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино
Вести

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Следна вест
Жабите комуницираат меѓу себе со својата сина светлина

Жабите комуницираат меѓу себе со својата сина светлина

Најнови вести

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.