• Импресум
Sunday, June 28, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Љубовта е најубавото чувство!

25/10/2022
A A
Љубовта е најубавото чувство!

Љубовта е најубавото и најсилно чувство, кое многу ѝ значи на личноста. Сериозно влијае на разбирањето на светот и врз нејзиното однесување.
Чувствата се начин на кој личноста реагира на околината, на луѓето и на настаните или се одраз на нејзините желби и надежи. Тие извираат од нашата длабочина, покажуваат кои сме ние во суштина и како ги доживуваме животот и светот.
Има позитивни и негативни чувства, силни и слаби, широки и сосредоточени. Некои будат радост, но има и такви што поттикнуваат тага. Љубовта е позитивно, многу силно, широко и весело чувство.

Со љубовта чувствуваме нешто многу важно – дека постои друго суштество или друго нешто што го сакаме. Таа значи крајна свртеност кон друга личност, предмет или дејство. Личноста го посакува нивното присуство и прави многу за да ги реализира своите желби во однос на саканото.
Човекот живее за својата љубов. Во животот има многу нешта кон кои тој се насочува, за кои прави планови и ним им ги подредува своите дејствувања. Љубовта е мотив и цел што го оправдуваат крајното посветување, дури е можно и жртвување за неа.
Љубовта има три форми. Во секоја од нив чувствата се силни, но различни се предметот на сакање и желбите во однос на нив, па се разликуваат и постапките на луѓето во тие чувствувања.

Во форма на посветеност, љубовта претставува заинтересираност на личноста за некои нешта, за некои предмети, дејства или идеи. Таква е љубовта кон мудроста, која се вика филозофија, или љубовта за собирање поштенски марки, која се нарекува филателија и слично.
Во форма на општа љубов, тоа е свртеност кон сѐ што постои, едно најшироко разбирање за сенешто, за сите облици на животот, за целиот свет. Најважен предмет на ваквата љубов е човештвото, во сета негова историја, минатото, сегашност и иднина. И со сите човечки чувства што постоеле, постојат и ќе постојат.
Во форма на страст, занес, љубовта ги изразува чувствата кон другиот како љубовен партнер. Оваа љубов се нарекува ерос.
Во сите форми, а особено во оваа, љубовта е целосно давање. Но во оваа форма на љубовта посебно се очекува возврат.
Љубовта ѝ го разубавува животот на личноста, ја води по неговите цветни страни и ја охрабрува да истрае и во најтешките мигови. Вљубените се најблиски суштества, најдобри пријатели, сврзани во доброто и во тешкото, меѓусебно се крепат во уживањето и во градењето на животот.
Затоа љубовта е најубавото чувство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Повреда ја спречи Ѓорческа во борбата за финале
Спорт

Лина Ѓорческа испиша историја за македонскиот тенис

25/06/2026
(Видео) Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела, бројот на жртви расте
Спорт

(Видео) Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела, бројот на жртви расте

25/06/2026
Следна вест
121 санкции за непрописно престигнување

121 санкции за непрописно престигнување

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.