• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мадона работи на автобиографски филм

07/06/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Мадона работи на автобиографски филм

Следнава година треба да почне одложеното снимање на автобиографскиот филм за поп-ѕвездата Мадона. Како режисер и косценарист, пејачката со години работи на филмот за којшто се говори уште од 2020 година, но снимањето беше одложено поради турнејата, како и поради корона-пандемијата.

Сега британските медиуми пишуваат дека Мадона ја избрала и глумицата која ќе ја портретира. Се работи за Џулија Гарнер, позната по улогата во криминалистичко-драмската серија на Нетфликс – „Озарк“.

Меѓу актерките-кандидатки за улогата беа и Сидни Свини, Флоренс Пју и Ема Лерд. Според Мадона, филмот ќе се сосредоточи на музиката, каде што има „многу нераскажани и инспиративни“ приказни што таа најдобро би ги раскажала, додаде таа. Авторката, инаку, работи со студиото „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures).

Турнејата Мадона ја заврши со настапот во Бразил минатиот месец и сега целосно се посвети на својот биографски филм.

„Имаме многу работа за да го избереме остатокот од актерската екипа, да го организираме снимањето и да го финализираме сценариото, но се надеваме дека ќе почнеме со снимање во следните 12 месеци“, изјави неименуван извор за „Сан“ (The Sun).

Пред неколку години, кога првпат беше објавена веста за филмот, пејачката изјави: – Сакам да им го пренесам на луѓето неверојатното патување на коешто ме однесе животот како уметница, музичарка, танчерка и човечко суштество кое само се обидува да го пронајде својот пат во овој свет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата лажеше дека ставката на ДДВ од 10% ќе биде само за луксузни производи, наеднаш луксуз станаа брашното и храната за деца
Вести

На едно четиричлено семејство во Македонија му требаат околу 68.500 денари месечно за основни трошоци

20/07/2026
Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?
Вести

Пановски: Илјадници граѓани имаат симптоми, каде се епидемиолозите?

18/07/2026
Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“
Вести

Музејот на град Скопје домаќин на концертот на женскиот хор „Фрида“

18/07/2026
Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси
Вести

Летниот хит на трпезите носи витамини, минерали и антиоксиданси

17/07/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска за Портрет: „Успехот зависи од тоа колку сме подготвени постојано да учиме“

16/07/2026
Почнува 20-тото издание на фестивалот што ја спојува балканската традиција и музика
Вести

Почнува 20-тото издание на фестивалот што ја спојува балканската традиција и музика

14/07/2026
Следна вест
Новиот играч на РК Вардар , Ашреф Маргели со пофални зборови за Борко Ристовски

Новиот играч на РК Вардар , Ашреф Маргели со пофални зборови за Борко Ристовски

Најнови вести

Наставникот од Струмица искористил прилика кога останал сам со малолетничката во спортската сала од училиштето, ова се ужасните детали

62-годишен маж силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

22/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

22/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.