• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски: Ако од власта имаа двотретинско мнозинство до сега овие уставни измени ќе беа веќе на маса

27/07/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски: Ако од власта имаа двотретинско мнозинство до сега овие уставни измени ќе беа веќе на маса

Ако имаа двотретинско мнозинство до сега, во овие изминативе нешто повеќе од година дена, овие уставни измени ќе беа веќе на маса, односно потребата за отворање на Уставот ќе беше на маса и така ќе знаевме што сме и како сме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Петровец.

Мицкоски укажа дека е јасно оти немаат двотретинско мнозинство.

„Јасно е дека немаат две третини, сега веќе борбата кај поединци во Владата не е за уставните измени, борбата е како да го поминат месец август и дополнително да манипулираат со граѓаните и со јавноста бидејќи се под избори за избори на есен. А избори на есен за дел од владините министри кои се дел од помалиот коалициски партнер СДСМ ќе значи крај на нивната политичка кариера. Но, исто така и за дел од министрите кои се дел од ДУИ ќе значи исто крај на нивната политичка кариера, бидејќи силно верувам дека ќе бидат непријатно изненадени од резултатот кој ќе се случи доколку тие избори бидат на есен предвремени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски посочи дека сега веќе ова е борба како да се премости август да дојде септември.

„Потоа ќе биде беспредметно барањето за предвремени парламентарни избори, бидејќи секако март, април имаме редовни претседателски и итн. Овде веќе не барајте политика, туку ситно лично политикантство како да бидат на функција уште неколку месеци, да крадат, да местат тендери во четири очи, да ги управуваат возилата на комшиите, пријателите“, рече Мицкоски.

Но, додаде тој, забораваат дека новата влада планира да ги истражи сите овие индиции.

„Така да и биде јасно на македонската јавност уставни измени нема да има под бугарски диктат во овие услови, така ќе биде и на пленарната седница кога и да се случи тоа“, кажа Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици
Вести

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов
Вести

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје
Вести

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја
Вести

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Вести

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Следна вест
Почина Шеикот Саид бин Зајед Ал Нахјан

Почина Шеикот Саид бин Зајед Ал Нахјан

Најнови вести

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.