• Импресум
Friday, July 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски и Кошта ќе разговараат за европската перспектива на земјава

02/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски и Кошта ќе разговараат за европската перспектива на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево престојува во официјална посета на земјава, каде што ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски.

Од владината прес-служба информираат дека посетата ќе започне со тет-а-тет средба помеѓу Мицкоски и Кошта, по што ќе следи проширен состанок на двете делегации. По завршувањето на разговорите, предвидена е заедничка прес-конференција во Владата.

Кошта е во регионална турнеја низ Западен Балкан, во рамки на која се среќава со лидерите од државите во регионот и учествува како ко-претседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан, кој на 5 јуни ќе се одржи во Тиват, Црна Гора.

За време на посетите, фокусот е ставен на проширувањето на Европската Унија, постепената интеграција на земјите од регионот, како и на прашањата поврзани со регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

„Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал дека посветеноста на Европската Унија кон регионот е реална, исто како и можноста за проширување. Моментумот постои, а сега е време за испорака на резултати“, изјави Кошта пред почетокот на турнејата.

Во Скопје тој пристигнува од Тирана, каде што се сретна со тамошните лидери. Посетата на регионот ја започна во Сараево, а во наредните денови ќе ги посети и Приштина и Белград.

Турнејата ќе заврши со посета на Црна Гора, каде што Кошта ќе учествува на самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите
Вести

Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

17/07/2026
Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината
Вести

Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината

17/07/2026
Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик
Вести

Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик

17/07/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

17/07/2026
Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип
Вести

Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

17/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

Летните температури продолжуваат, попладне локална нестабилност

17/07/2026
Следна вест
Земјотрес го погоди Крагуевац

Силен потрес во Италија, властите на терен

Најнови вести

Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

Мицкоски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите

17/07/2026
Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината

Богата програма во Илинден по повод Денот на Општината

17/07/2026
Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик

Улицата кон Горно Оризари добива целосно нов лик

17/07/2026
Половина Скопје утре без струја

Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

17/07/2026
Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

Неуспешен старт: Спејс Икс го одложи новото лансирање на Старшип

17/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Летните температури продолжуваат, попладне локална нестабилност

17/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.