• Импресум
Monday, July 20, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски: Владата нема да поддржи процес без дефиниран исход

03/06/2026
A A
ДДВ на горивата падна на 10% – спас од ценовниот шок

Премиерот Христијан Мицкоски повтори дека Владата останува на ставот оти Македонија нема да презема нови обврски во евроинтегративниот процес без јасно дефиниран план, конкретни гаранции и прецизна перспектива за завршување на патот кон Европската Унија.

Одговарајќи на новинарски прашања поврзани со позициите на европските партнери и ставовите на Бугарија, Мицкоски изјави дека не очекува промена во политиките на официјална Софија во блиска иднина.

„Не очекувам променет став од Софија, особено во период кога новата влада таму се наоѓа во политички меден месец. Очекувано е дел од внатрешните политички прашања да се префрлаат на вакви теми, со цел да се прикажат како заштитници на националните интереси“, изјави премиерот.

Тој нагласи дека Македонија располага со силни аргументи и дека државата ќе продолжи доследно да ги брани своите позиции како на домашен, така и на меѓународен план.

„Ќе победиме и дома и надвор. Нашите аргументи денес се јасни, прецизни и силни. Продолжуваме со реализација на реформската агенда и остануваме целосно усогласени со Европската Унија во делот на надворешната и одбранбената политика“, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, потврдил дека Македонија бележи напредок во повеќе клучни области, меѓу кои реформите, владеењето на правото, јавната администрација и спроведувањето на акцискиот план за малцинствата.

Според него, доколку се отстрани политичката пречка која моментално стои на патот кон европската интеграција и се обезбеди јасна перспектива за членство, Владата е подготвена да ги исполни сите останати обврски.

„Сѐ останато што зависи од нас како влада ќе биде реализирано. Ние сме вистински предводници во процесот, а не оние што само формално се претставуваат како такви“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата нема намера да влегува во процеси кои немаат јасен исход и гарантиран резултат.

„Никогаш нема да влеземе во процес без претходно да имаме јасно утврден план и перспектива. Најважно е што ќе оставите зад себе и дали вашите одлуки ќе бидат во интерес на граѓаните и државата“, порача премиерот.

Во завршницата од своето обраќање, Мицкоски упати критики кон политичките противници, истакнувајќи дека членовите на актуелната влада влегле во политиката со личен интегритет и одговорност.

„Ние сме луѓе кои влегле во политиката со интегритет и со желба да придонесат за државата. Нашата цел е да вратиме дел од изгубеното и да создадеме подобра иднина, а не дополнително да ја ослабиме позицијата на Македонија“, изјави премиерот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горјана Стојановска вечерва со концерт во црквата „Света Софија“
Вести

Горјана Стојановска вечерва со концерт во црквата „Света Софија“

20/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Пратениците расправаат за нови закони за високото образование

20/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните
Вести

Гостивар ја чека вистината: Денеска ќе бидат познати анализите на водата

20/07/2026
За викендот сончево и топло
Вести

Сончево и многу топло, попладне дожд, грмежи и силен ветер

20/07/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

САД наводно подготвуваат засилена воена кампања против Иран

20/07/2026
Застрашувачки вести од трагедијата во Велес: Откриени нови ДЕТАЛИ – сите во шок
Вести

Трагедија кај Блаце: Тројца државјани на Косово пронајдени мртви во превртен автомобил

20/07/2026
Следна вест
Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ меѓу најдобрите на светски натпревар за вселенски сообраќај

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ меѓу најдобрите на светски натпревар за вселенски сообраќај

Најнови вести

Горјана Стојановска вечерва со концерт во црквата „Света Софија“

Горјана Стојановска вечерва со концерт во црквата „Света Софија“

20/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Пратениците расправаат за нови закони за високото образование

20/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните

Гостивар ја чека вистината: Денеска ќе бидат познати анализите на водата

20/07/2026
За викендот сончево и топло

Сончево и многу топло, попладне дожд, грмежи и силен ветер

20/07/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

САД наводно подготвуваат засилена воена кампања против Иран

20/07/2026
Застрашувачки вести од трагедијата во Велес: Откриени нови ДЕТАЛИ – сите во шок

Трагедија кај Блаце: Тројца државјани на Косово пронајдени мртви во превртен автомобил

20/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.