Македонија и денеска ќе биде зафатена од сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност и температури кои на одделни места ќе достигнат до 40 степени.
Според прогнозата, ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а на одделни места има услови и за невреме со појава на град.
Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека максималните дневни ќе бидат меѓу 34 и 40 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 20 до максимални 39 степени.
Слично време ќе се задржи и во вторник, кога повторно се очекуваат високи температури и локални врнежи со грмежи во попладневните и вечерните часови, а не се исклучува ниту појава на невреме со град.
Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер ќе започне постепено опаѓање на температурите. Најизразена промена се очекува во петок, кога се најавени врнежи од дожд и значително посвежо време. Од сабота температурите повторно ќе бидат во постепен пораст.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












