• Импресум
Sunday, June 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

МОН: Учебната година ќе почне на 1 септември, Комисијата ќе одлучува дали ќе биде со физичко присуство

11/08/2021
Време за читање: 1 минути
A A

На дваесетина дена пред новата учебна година, Министерството за образование и наука соопшти дека таа ќе почне во редовниот термин, 1 септември, и дека се интензивни подготовките за стартот во услови на пандемија преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје.

МОН информира дека досега од вкупно 31 447 лица вработени во училиштата, вакцинирани се околу 60 проценти и апелира наставниот и останатиот кадар во училиштата да се вакцинира со цел да го заштитат сопственото, а со тоа и здравјето на најблиските.

Како што и претходно информираше, има три сценарија за почетокот на 2021/2022 година, кои минатиот месец беа усвоени на владина седница.

-Првото за кое воедно и се залагаме, затоа што е од најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива, е целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно сите усвоени протоколи. Второто сценарио предвидува наставата да биде како и во 2020/2021, која што се покажа како успешна и ефективна – дел од учениците да посетуваат настава со физичко присуство под посебни протоколи, а дел да реализираат онлајн-настава, и третото сценарио предвидува ротирање на учениците на една недела со физичко присуство во училиштата, за да нема нивно целосно затворање. Кое од трите сценарија ќе се применува ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заштита од заразни болести, наведува МОН во соопштение.

За оваа намена, МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести ги изработи Планот за одржување на наставата во учебната 2021/2022 година и протоколите за постапување на основните и средните училишта и тие пред повеќе од еден месец беа усвоени од Владата и веднаш доставени до сите училишта и јавно објавени на www.mon.gov.mk.

– Во меѓувреме, МОН заедно со локалните самоуправи и директорите на училиштата е во интензивна комуникација и се подготвува за сите три сценарија и за успешен почеток на новата учебна година на 1 септември, информира Министерство за образование и наука.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите
Вести

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
Протест во Нови Сад
Вести

Протест во Нови Сад

21/06/2026
Голманско шоу во Канзас: Еквадор не успеа да го скрши отпорот на Курасао
Вести

Голманско шоу во Канзас: Еквадор не успеа да го скрши отпорот на Курасао

21/06/2026
Најтопло во Гевгелија и Дојран, најстудено во Лазарополе
Вести

Денеска започнува летото и најдолгиот ден во годината

21/06/2026
Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика
Вести

Добри вести за возачите: Следува пад на цените на горивата, најави Мицкоски

20/06/2026
Следна вест
УГОСТИТЕЛИТЕ МУ ПИШАА НА ЗАЕВ Јосифовски прв ќе го затвори ресторанот

УГОСТИТЕЛИТЕ МУ ПИШАА НА ЗАЕВ Јосифовски прв ќе го затвори ресторанот

Најнови вести

САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
Протест во Нови Сад

Протест во Нови Сад

21/06/2026
Голманско шоу во Канзас: Еквадор не успеа да го скрши отпорот на Курасао

Голманско шоу во Канзас: Еквадор не успеа да го скрши отпорот на Курасао

21/06/2026
Најтопло во Гевгелија и Дојран, најстудено во Лазарополе

Денеска започнува летото и најдолгиот ден во годината

21/06/2026
Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже и води манипулативна политика

Добри вести за возачите: Следува пад на цените на горивата, најави Мицкоски

20/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.