Машката македонска ракометна репрезентација денеска го дозна можниот пат до пласман на Светското првенство во Германија во 2027 година. Македонија во баражот ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка.
Бараж-натпреварите се закажани за 13–14 и 16–17 мај 2026 година, а репрезентацијата што ќе биде подобра во двата дуела ќе избори настап на Мундијалот. За Македонија ова би значело осмо последователно учество на светските првенства и вкупно десетто во историјата.
Селекторот Кирил Лазаров изрази задоволство од исходот на ждрепката, истакнувајќи дека репрезентацијата со напорна работа стигнала до статус на носител. Тој нагласи дека целта е продолжување на континуитетот на настапи на големите натпреварувања, но и дека пристапот мора да биде максимално сериозен.
Лазаров потенцираше дека Македонија има целосна почит кон селекциите на Украина и Словачка, без разлика на тоа со кого ќе игра во баражот. Според него, клучно ќе биде навремено да се направи добар план и репрезентацијата подготвено да ги дочека мајските натпревари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












