• Импресум
Wednesday, June 3, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста

05/07/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста

Благодарни сме што НАТО го препознава Западниот Балкан како регион од стратешка важност за Алијансата. Цврсто веруваме дека продолжувањето на блиската координација и заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот се од суштинско значење, првенствено преку забрзување на процесите на европска и евроатлантска интеграција. Ова е од суштинско значење за зацврстувањето на стабилноста и затворањето на вакуумот кој е подобен за дестабилизирачки влијанија од трети страни, истакна денеска министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на НАТО работниот појадок во пресрет на Самитот во Вашингтон следната недела, на кој ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на Алијансата.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на НАТО работен појадок, на кој присуствуваа амбасадорите на земјите членки на НАТО, како и Украина, Јапонија и ЕУ.

Говорејќи пред амбасадорите, шефот на дипломатијата ја потенцираше поддршката кон напорите на меѓународната заедница, особено улогата на ЕУ и САД за нормализација на односите Белград-Приштина, а како што посочи, земјава како НАТО и идна ЕУ членка е загрижена и за последнте случувања во БиХ.

– Меѓуетничката недоверба, зголемените сепаратистички закани, етнонационалистички агитирања и натаму ја поткопуваат стабилностa. Сите напори да ги вложиме за одржување на мирот и стабилноста во регионот, истакна Муцунски.

Тој потенцира дека кибер нападите, дезинформациите, влијанијата од трети страни се предизвици што треба да бидат во центарот на вниманието и истакна дека овие појави подеднакво ги погодуваат сите држави во регионот.

Истакна дека идната недела на Самитот на НАТО во Вашингтон ќе бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата, со кои ќе се оспособи да одговори на новите променливи безбедносни околности, а како што посочи, ова е важно за да се обезбеди колективна одбрана од предизвиците што доаѓаат од сите правци, а која ќе се заснова врз примена на пристапот на покриеност 360 степени.

-Сојузниците ќе го прикажат своето најголемо зајакнување на колективната одбрана, постапувајќи по одлуките од Мадрид и Вилнус, кои беа насочени кон модернизација на НАТО во целите на негово оспособување да започне нова ера во својата колективна одбрана. Мојата земја е подготвена да продолжи да ги исполнува своите обврски насочени кон зајакнување на НАТО, рече Муцунски и потсети дека сме дел од групата сојузници, кои веќе достигнале два отсто од БПД за трошоците за одбраната, а речиси 30 отсто од овие средства се наменети за модернизација и опрема.

На Самитот, македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе има можност да се сретне со партнерите од Индопацифиокот, и како што рече Муцунски, да разговараат со нив како понатаму да ја продлабочат соработката и заедничките напори за одржување на мирот и стабилноста во нашите далечни, но поврзани региони.

Присуството на високите претставници на ЕУ на Самитот на НАТО ја оцени како уште една можност за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и комлементарноста меѓу НАТО и ЕУ.

-Руската агресија против Украина драматично го имени безбедносното опкружување на Европа, која има и пошироки импликации на глобален план. Цврсто веруваме дека секоја држава има право да одлучува за својот надворешно политички правец одбранбен аранжман и да биде слободна од надворешно влијание. Со донесување вистински одлуки на Самитот се надеваме дека ќе обезбедиме Украина да опстои како суверена држава, да ја зачува својата слобода, независност, територијален интегритет и суверенитет во рамки на признатите граници, рече Муцунски.

Како најзначен исход од претстојниот Самит го посочи сеопфатниот пакет за Украина. – Остануваме посветени на натамошно зајакнување на  водечката улога на НАТО во координација на безбедносната помош и обука за Украина со обезбедување на одржлива финансиска поддршка, која е неопходна за соодветна трансформација на одбраната и безбедност на Украина, рече Муцунски и нагласи дека земјава и натаму ќе продолжи да обезбедува поддршка за Украина, како што тоа го прави од самиот почеток на агресијата во февруари 2022 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана
Вести

Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана

03/06/2026
Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид
Вести

Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид

03/06/2026
Учениците во Полска ќе ги оставаат телефоните во шкафчиња од септември
Вести

Учениците во Полска ќе ги оставаат телефоните во шкафчиња од септември

03/06/2026
Без струја дел од Кисела Вода
Вести

ЕВН најави исклучувања: Овие делови од Бутел ќе останат без струја

03/06/2026
По киднапирањето на Мадуро: САД бараат итна евакуација на своите граѓани од Венецуела
Вести

Тензии во Персискиот Залив: Вашингтон и Техеран повторно на работ на судир

03/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Следува нестабилно време, најавени дожд, грмежи и град

03/06/2026
Следна вест
Уште еден амбасадор се враќа на консултации во Скопје – Љубомир Фрчковски

Уште еден амбасадор се враќа на консултации во Скопје – Љубомир Фрчковски

Најнови вести

Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана

Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана

03/06/2026
Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид

Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид

03/06/2026
Учениците во Полска ќе ги оставаат телефоните во шкафчиња од септември

Учениците во Полска ќе ги оставаат телефоните во шкафчиња од септември

03/06/2026
Без струја дел од Кисела Вода

ЕВН најави исклучувања: Овие делови од Бутел ќе останат без струја

03/06/2026
По киднапирањето на Мадуро: САД бараат итна евакуација на своите граѓани од Венецуела

Тензии во Персискиот Залив: Вашингтон и Техеран повторно на работ на судир

03/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени

Следува нестабилно време, најавени дожд, грмежи и град

03/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.