• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

МВР продолжува со капитални инвестиции: Нова полициска станица до мај

09/03/2026
A A
МВР продолжува со капитални инвестиции: Нова полициска станица до мај

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ја посети изградбата на новата полициска станица во општина Аеродром, еден од капиталните инфраструктурни проекти на Министерството за внатрешни работи.

Новата станица е дел од поширокиот процес на модернизација на полициските услуги и подобрување на условите за работа на службениците. Во рамки на овој процес, во изминатиот период беа пуштени во употреба целосно реновирана полициска станица во Бутел, како и осум нови канцеларии за управни работи ширум државата, вклучително и новите канцеларии за граѓански услуги во објектот на МТВ во Скопје.

„Континуирано инвестираме во подобрување на условите за работа на полициските службеници и во модернизација на услугите за граѓаните. Новата полициска станица во Аеродром ќе обезбеди подобра организација на работата, повисоко ниво на безбедност и поквалитетна услуга за граѓаните“, истакна министерот Тошковски.

Според информациите од терен, градежните активности се одвиваат според планираната динамика, а објектот се очекува целосно да биде завршен до крајот на мај.

Новата станица е проектирана со главен влез за граѓаните од булеварската страна, дополнителен влез за службени потреби, 36 паркинг места, целосна канализација и заштитени гасоводни инсталации. Фасадата е речиси завршена, а внатрешноста располага со современи работни простории, посебни простории за работа со деца – жртви на насилство, изолирана оружарница, модерни сали за состаноци, магацински простории и единаесет простории за задржување со специјални безбедносни врати и прозорци.

Објектот ќе има три главни влезови – за управни служби, полициски служби и посебен притворски влез. Предвидена е и посебна просторија за препознавање, инсталирано е подно греење, а електричните инсталации и цевководите се завршени, додека финалната фаза на поставување на подовите и системот за греење е во тек.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале
Вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР
Вести

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Следна вест
Жена-пешак прегазена во скопско, возачот избегал

Тешко повредена 28-годишна жена во судир на два „фолксвагени“

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.