• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Најмалку се штедело кај министрите Сали, Османи и Петровска

19/10/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Најмалку се штедело кај министрите Сали, Османи и Петровска

Владата, судовите, Собранието, претседателот на државата, ЕСМ и МЕПСО во септември годинава вкупно заштедиле 20 отсто струја во однос на истиот месец лани, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој ја презентира анализата за потрошената електрична енергија по задолжението да се оствари заштеда од 15 проценти на месечно ниво, споредено со истиот месец од претходната календарска година.

Според анализата, доколку се земат предвид податоците од потрошувачката само на административните згради на министерствата, претседателот на државата, Собранието, Владата, АД ЕСМ и АД МЕПСО заштедата на струја изнесува 25 отсто. Притоа, шест субјекти имаат намалена потрошувачка на енергија во септември, но немаат остварено заштеди од 15 отсто согласно задолженијата, додека останатите субјекти имаат остварено заштеди од 15 -73 отсто, повеќето од 25 до 35 проценти.

Единствено, како што рече Бектеши, административната зграда на Министерството за локална самоуправа има зголемена потрошувачка на енергија за 81 процент, а најголема заштеда е направена во административната зграда на АД ЕСМ од 75 отсто.

Заштедата на струја кај претпријатијата во државна сопственост изнесува осум отсто, а опфатени се вкупно 17 државни компании. Општините, пак, кои имаа препорака за заштеда на електрична енергија вкупно за 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година. Најмногу отстапуваат од цензусот за заштеда на енергија општините Арачиново , Гостивар и Свети Николе.

-Согласно податоците, заштедата на електрична енергија во зградата на Владата е 25 отсто, кај МВР 21 отсто, кај Министерството за култура 40 отсто, Министерството за образование 35 отсто, Министерството за политички систем 22 отсто, Министерството за транспорт и врски 30 отсто, Министерството за труд и социјална политика 36 проценти, Министерство за финансии 32 отсто, а Министерство за економија 30 проценти, рече Бектеши.

Како што истакна Бектеши, најмала заштеда е направена во административната зграда на Министерството за здравство од два отсто, по што следуваат Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана со по осум проценти заштеда.

Според анализата, Собранието заштедило 29 отсто од потрошувачката на електрична енергија, додека кај Кабинетот на претседателот заштедата е 17 проценти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство
Вести

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау
Вести

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас
Вести

Над илјада граѓани побарале лекарска помош, Клековски оди во Гостивар

18/07/2026
Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“
Вести

Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

18/07/2026
Следна вест
ЈСП ги паркира автобусите пред Владата

ЈСП ги паркира автобусите пред Владата

Најнови вести

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Над илјада граѓани побарале лекарска помош, Клековски оди во Гостивар

18/07/2026
Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.