Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 анализа, во врска со влезот на партијата во техничката влада, рече дека ВМРО-ДПМНЕ прва предложила техничката влада да биде укината, но тоа било одбиено.
– Од за мене неразбирливи причини владејачкото мнозинство тоа го одби. Тие се обидоа потворно да ја дефокусираат јавноста со политички пораки дека ВМРО-ДПМНЕ е против премиер Албанец. ВМРО-ДПМНЕ е против нешто што е спротивно на законот и на Уставот. Против е да номинира премиер една партија која не е со закон дефинирана како најголема владејачка партија, а тоа е ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е против тоа Талат Џафери да биде идниот технички мандатар на идната техничка влада. Дадовме многу аргументи. Институцијата техничка влада е спротивна на Уставот и затоа побаравме да ја нема и да ја избришеме. Од страна на власта наидовме на политизирање. Доколку сакаа и имаа коалициски договор за 100 дена, не мораше таа да биде техничка влада и можеше да биде влада со политички легимитет. Талат Џафери не ја заслужува довербата, ниту ја заслужува таа позиција. Јас добив мандат од Извршниот и Централниот комитет да предложам имиња кои ќе бидат дел од тој кабинет, но до овој момент сум зафатен со активности во партијата и не сум седнат да размислувам кои би биле имињата кои би биле технички носители на таа влада. За нас ова е само техничка влада во технички период каде треба да се обезбеди процесот – рече Мицкоски.
Во врска со иницијативата поднесена до Уставниот суд Мицкоски рече дека цени оти парламентот е законодавен дом каде оној кој го предложил законот во 2021 за промена на патните исправи и дозволи, има можност и сега да поднесе измени.
– Така како што е замислено, нема да оди. Цениме дека Уставниот суд е оној орган кој треба да даде мислење, независно од политичките партии. Ние како партија сметаме дека тој има можност да интервенира веднаш, имајќи предвид сето она што се случува во процесот на издавање на исправите и дозволите. Уставниот суд може веднаш да се состане и да денесе мерка со која тој закон ќе го стави вон сила. Според нашите информации, околи 1.200 000 патни исправи се издадени. Уште 1.300 000 допрва треба да се променат. Потребно е најмалку една година да се заврши процесот на фотографирање. Тука се појавува предизвик, а според нашите информации имаа 30.000 обрасци и 10.000 кои се двојазични. Новите обрасци ќе стигнат во март, а дотогаш овие ќе се исцрпат. Уставниот суд е добра територија каде ова може да се надмине – рече Мицкоски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












