• Импресум
Thursday, June 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Николоски: Заради криминал и корупција неколку земји членки на ЕУ мислат дека Македонија не заслужува почеток на преговори

22/05/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Николоски: Заради криминал и корупција неколку земји членки на ЕУ мислат дека Македонија не заслужува почеток на преговори

„Дали граѓаните знаат од што се состојат уставните измени, каде што 75,4% граѓаните одговараат да, што значи дека се работи за т.н. информирана одлука односно граѓаните многу добро знаат кога одговараат на прашањето за што разговараат. И тука овие 72,4% Македонци кои што велат не, кои што мислам дека прашањето да беше само дали се за влез на Бугарите ќе беше прилично повисоко, а да не беа Хрватите и Црногорците, бидејќи никој нема против ништо Хрватите и Црногорците. Но, да беше прашањето дали мислите дека треба да се промени Уставот за да се внесат Бугарите, мислам дека ќе беше процентот 80-85%, значи ќе беше повисоко од вкупниот број на граѓани кои што излегуваат на избори и гласаат за било која политичка партија, што покажува една недвосмислено расположение кај народот“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Детектор“ на Сител телевизија.

Николоски додаде дека ударот од Бугарија е пред се врз Македонците, односно на македонскиот идентитет. Бугарија не го спори албанскиот или турскиот јазик туку македонскиот јазик. Бугарија ја спори и македонската историја и самобитноста на македонскиот народ.

„Македонија е предмет на понижување и отстапки од својата самостојност до денес и на граѓаните им е преку глава, сакаат да стават точка на работа. И затоа имаме вака високи бројки во однос на расположението на етничките Македонци“, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија се лоши договори за Македонија. Македонија промени Устав за да промени име, што е една трајна штета за македонскиот национален идентитет. И никој не може да каже дека и ова е добро.

Исто така тој потсети дека никој не гарантира дека Бугарија нема да стави вето после шест месеци откако се направат уставни измени.

„Јас мислам дека политиката на Бугарија е јасна, кристална јасна тие гледаат во се да најдат проблем. Од еден Пендиков направија проблем, од влегување или не влегување на било кој бугарски граѓанин во Македонија прават проблем“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека Македонија има проблем со најслабата земја членка на ЕУ. Македонија нема проблем со најсилната земја членка на ЕУ.

„Клучната причина зашто не ја притискаат Бугарија е затоа што неколку големи земји членки на ЕУ, тука веднаш да кажам не мислам на Германија, мислат дека Македонија не е спремна да почне преговори пред се заради состојбата со владеење на правото и борбата со организираниот криминал и корупција. И Бугарија им доаѓа како добар изговор“, појасни Николоски.

Тој рече ако другите земји членки мислат дека Македонија заслужува преговори и нема проблем со владеење на право и справување со организираниот криминал и корупција, тие ќе го решат проблемот со Бугарија за едно попладне.

„Македонија не е спремна да отпочне преговори и тука треба да сме јасни и чесни пред македонската јавност“, нагласи Николоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН ги објави резултатите за стипендии за магистерски студии – доделени 34 од предвидените 50 стипендии
Вести

МОН и институциите со заедничка акција против семејното насилство

18/06/2026
Трамп наводно донел одлука: Се подготвува американска воена акција во Иран
Вести

САД и Иран најавија траен прекин на воените операции

18/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Прекин на водоснабдувањето на улицата „Димитрие Чуповски“

18/06/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

Варвара и Бардовци со неколкучасовен прекин на струјата

18/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

Сончево претпладне, можно невреме попладне

18/06/2026
Нов силен земјотрес од 7 степени го погоди истокот на Русија, стотици афтершокови по историскиот потрес на 30 јули
Вести

Дрон удри автобус со деца во Брјанска област, Москва бара меѓународна осуда

17/06/2026
Следна вест
Почина Ферус Мустафов

Почина Ферус Мустафов

Најнови вести

МОН ги објави резултатите за стипендии за магистерски студии – доделени 34 од предвидените 50 стипендии

МОН и институциите со заедничка акција против семејното насилство

18/06/2026
Трамп наводно донел одлука: Се подготвува американска воена акција во Иран

САД и Иран најавија траен прекин на воените операции

18/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Прекин на водоснабдувањето на улицата „Димитрие Чуповски“

18/06/2026
Половина Скопје утре без струја

Варвара и Бардовци со неколкучасовен прекин на струјата

18/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Сончево претпладне, можно невреме попладне

18/06/2026
Нов силен земјотрес од 7 степени го погоди истокот на Русија, стотици афтершокови по историскиот потрес на 30 јули

Дрон удри автобус со деца во Брјанска област, Москва бара меѓународна осуда

17/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.