• Импресум
Monday, June 29, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Нови информациски системи за управување со јавните финансии во вредност од 24,9 милиони евра

25/01/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Нови информациски системи за управување со јавните финансии во вредност од 24,9 милиони евра

Преку проект во вредност од 24,9 милиони евра ќе се воспостават три нови информациски системи со кои ќе се подобри ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи и ќе се зголеми ефективноста на администрирањето на приходите.

Дваесет милиони евра се заем од Светска банка (СБ), а 4,9 милиони евра се грант од ЕУ што ќе се администрира преку СБ. Договорите за спроведување на проектот ги потпишаа денеска министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Во Министерството за финансии ќе функционира нов Интегриран информациски систем за управување со финансии (ИФМИС), во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори ќе има Информациски систем за управување со државна помош (СИМИС), а Управата за јавни приходи добива нов Информациски систем за управување со даночните приходи (ИТИС).

За поддршка на реформите за управување со јавните расходи ќе се одвојат 14,69 милиони евра, за зајакнување на практиките за даночно управување и системи во Управата за јавни приходи 8,135 милиони евра, а 2,025 милиони евра за управување со промени, координација на донатори и управување со проекти.

-Воспоставувањето на овие системи претставуваат дел од заложбите на Владата за имплементација на напредни технологии и воедно се предуслов за воспоставување современ и модерен начин на управување со јавните финансии. Со нив ќе се подобри ефикасноста и транспарентноста во управувањето со јавните финансии, а тоа ќе се постигне преку поврзување на постоечките фрагментирани и неповрзани системи на една централизирана дигитална платформа, рече по потпишувањето на договорите министерот Бесими.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Државниот секретар на САД ја нагласи улогата на Европа на Минхенската конференција
Вести

САД предупредуваат на хаос ако Иран воведе наплата во Ормуската Теснина

25/06/2026
Следна вест
На продажба дел од хрватскиот „остров на љубовта“

На продажба дел од хрватскиот „остров на љубовта“

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.