Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека во изминатата недела се работи со засилено темпо на проекти кои со години биле во застој или останале нереализирани ветувања. Тој преку објава на Фејсбук порача дека градот постепено добива нов изглед преку реализација на повеќе инфраструктурни зафати.
Според него, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“, додека на улицата „Љубљанска“ во општина Карпош градежните активности се одвиваат со видлива динамика. Паралелно напредуваат и работите на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба, која претставува важна сообраќајна артерија низ која секојдневно минуваат голем број граѓани.
Ѓорѓиевски истакна дека овие активности се дел од поширок процес на инфраструктурни подобрувања и развој на градот, нагласувајќи дека Скопје треба да се развива како уреден и функционален град.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












