Wednesday, May 8, 2024

Новогодишни концерти во Македонска филхармонија

Во Филхармонија ќе се одржат два новогодишни концерти. Денеска премиерно ќе биде изведен Новогодишниот концерт за деца „Девојчето со книгите“ кој ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, а актерка е Симона Спировска.

На 28 декември, пак, односно в четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи и традиционалниот новогодишен концерт „Одбројуваме“ кој годинава ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија, а како солистка ќе настапи сопранистката Наде Талевска.

На програмата се дела од Чајковски, Хименез, Пучини, Моцарт, Сен-Санс и безвременскиот Штраус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест