Поради верскиот празник Задушница, од раните утрински часови денеска во Скопје е воведен посебен режим на сообраќај, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје информираат дека сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива кружно и само во една насока. Возилата ќе се движат по улица „Бутелска“, ќе се свртат лево по „Александар Урдаревски“, лево по „Боца Иванова“ и потоа десно до влезот на гробиштата. За излез, возилата ќе продолжат десно по „Боца Иванова“ до кружниот тек на „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по улица „Кемал Сејфула“.
Посебни сообраќајни мерки ќе важат и околу гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров, каде што се очекува зголемена фреквенција на возила поради посетите на гробиштата за празникот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во овие делови на градот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












