• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2023/24 година

31/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2023/24 година

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, на 20 и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број, кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети:

– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика;

– за здравствена струка – биологија и хемија,

– за другите струки – мајчин јазик и математика.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири ги охрабрува сите ученици да го направат вистинскиот избор на средно училиште каде ќе го продолжат образовниот процес, апелирајќи да се осврнат на стручното образование како можност да се стекнат со вештини и знаења кои пазарот на труд ги препознава и вреднува, но и да стекнат добра основа за понатамошната високообразовна надградба.

“Почитувани ученици, време е да направите избор за Вашето понатамошно образование. Ви посакувам успешно да го одберете средното училиште што најмногу го посакувате, бидете успешни ученици и продолжете смело да чекорите по патот на знаењето. Вие сте иднината на оваа земја”, вели министерот Шаќири.

Во учебната 2023/24 година се обезбедени 29.798 слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиското образование и 658 паралелки во средните стручни училишта. За настава на македонски јазик, со Конкурсот се предвидени 20608 слободни места, за настава на албански јазик 8301 и 889 места за настава на турски јазик. Во учебната 2023/24 година во соработка со општините и компаниите во земјава се обезбедени 6475 слободни места во 259 паралелки во дуалното стручно образование.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа
Вести

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

16/06/2026
Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид
Вести

Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

16/06/2026
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех
Вести

Мицкоски: Нова фабрика во ТИРЗ Тетово ќе вработи до 500 луѓе

16/06/2026
Ердоган тврди дека води на предизборните анкети
Вести

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа
Вести

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија
Вести

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Следна вест
Дали би купиле? Новиот Москвич“ ќе чини 26.000 долари, и тоа најевтиниот

Дали би купиле? Новиот Москвич“ ќе чини 26.000 долари, и тоа најевтиниот

Најнови вести

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

16/06/2026
Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

16/06/2026
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех

Мицкоски: Нова фабрика во ТИРЗ Тетово ќе вработи до 500 луѓе

16/06/2026
Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети сѐ уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни

Јаневска: Државната матура помина со многу помалку препишување од претходно

16/06/2026
Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.