• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Од МВР демантираат дека ќе се сместат Авганистанците во Гази Баба: Ќе се сместуваат во мотели, одморалишта и хотели

17/08/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Од МВР демантираат дека ќе се сместат Авганистанците во Гази Баба: Ќе се сместуваат во мотели, одморалишта и хотели

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од одредени портали дека Прифатниот центар во Гази Баба ќе се користи за сместување на бегалците од Авганистан, и дека министерот Спасовски тоа го потврдил. Тоа е апсолутно лажна вест!

-Користениот статус на министерот Спасовски е во контекст на вчера објавената тема на Македонската информативна агенција- МИА во врска со новиот објект на Прифатниот центар за странци, кој по препораките на бројни меѓународни организации задолжени за заштита на човековите права и од Народниот правобранител како Национален превентивен механизам, поради субстандардните услови, треба да се дислоцира од Гази Баба на неколку километри од Бардовци. МВР скоро секојдневно ја објавува точната и прецизна информација дека Прифатниот центар за странци, кој функционира непрекинато цели 20 години, нема и нема да има никаква врска со мигранти, како што одредени медиуми сакаат ја дезинформираат јавноста, пласирајќи лажни вести. Центарот за странци е формиран и функционира согласно Законот за странци и наменет е за привремено задржување на странци кои не можат да се отстранат од територијата на државата во рок од 24 часа, од кои било причини, па се сместуваат во него во период од неколку дена, додека да се создадат услови да биде отстранет од државата. Најчесто станува збор за сезонски работници на кои им истекла дозволата за работа/престој, забавувачи во гостителските објекти без пријавен престој во државата, лица кои се затекнале тука без документ за идентификација и сл, велат од министерството.

Од таму додаваат дека што се однесува до привременото прифаќање граѓани од Авганистан, како што веќе информираше Владата на Република Северна Македонија, во овој момент се работи на координација и утврдување детали за преземање шест жени и деца, вработени или членови на семејства на вработени од Мисијата на Обединетите Нации во Авганистан, како и околу 180 граѓани, жени, деца, вработени или членови на семејства од хуманитарни организации, организации за човекови права, новинарски и друг тип здруженија кои во изминатите 20 години работеа на одржувањето на мирот во Авганистан.

-Владата работи на обезбедување сместувачки капацитети во мотели, одморалишта и хотели, за што трошоците ќе бидат обезбедени од страна на меѓународните организации, како и од Соединетите Американски Држави. Сместувањето и преземањето на локалното население ќе биде со ограничен временски период, сѐ до обезбедување нивни трансфер до САД или до трети земји, што ќе биде утврдено во координација со нашите стратешки партнери и со меѓународните организации. Објавените текстови кои изнесуваат лажни вести и дезинформации кои можат да доведат до забуна во јавноста, штетат на општеството и создаваат паника кај граѓаните. Затоа, Министерството за внатрешни работи согласно законот, бара веднаш да биде објавен овој демант заедно со извинување до граѓаните, и да бидат повлечени невистинитите текстови, во спротивно ќе ги користи сите законски расположиви средства кои стојат на располагање, истакнуваат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз
Вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила
Вести

Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

15/06/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија
Вести

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија
Вести

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција
Вести

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

15/06/2026
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје
Вести

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
Следна вест
Повторно гужва на граничните премини низ земјава – само на Табановце се чека еден час, еве каква е состојбата на другите премини

Повторно гужва на граничните премини низ земјава – само на Табановце се чека еден час, еве каква е состојбата на другите премини

Најнови вести

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

Египет испушти победа, Белгија се спаси од пораз

15/06/2026
Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

Приведен 44-годишен скопјанец по пожарот на дипломатски возила

15/06/2026
Едно лице загина, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа во Србија

Во Тетово мајка го удирала тримесечното бебе од асфалт, очевидци и го одзеле и пријавиле во полиција

15/06/2026
Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

Историски резултат: Зеленортските острови непоразени против фаворитот Шпанија

15/06/2026
Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

Учениците од Карпош добија 10.000 денари и седумдневно летување во Грција

15/06/2026
Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

Муцунски разговараше со бугарската министерка по инцидентот во Скопје

15/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.