• Импресум
Sunday, May 3, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Општина Битола е Општината која има најмногу проекти

16/08/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Битолчанец се заглавил на дрво во Градскиот парк, пожарникари го симнале

Општина Битола е општината со најмногу одобрени проекти на вториот јавен повик за поддршка објавен од Владата, со вкупно 65 проекти. Во предстојниот период, ќе се реализираат капитални проекти во висина од 707милиони денари – најголемата инвестиција што Владата на Република Македонија ја направила во градот во рамките на една година. Во првиот повик објавен во септември 2024 година, општина Битола доби 16 проекти. Преку овие проекти општината се позиционира како една од водечките во реализација на капитални инвестции.

Најголемиот дел од средствата, односно 144 милиони денари, ќе бидат насочени кон подобрување на училишната инфраструктура.Предвидена е изградба на три нови спортски сали во:

• ОУ „Стив Наумов“

• ОУ „Тодор Ангелевски“

• ОУ „Даме Груев“ – подрачно училиште во Долно Оризари

Покрај тоа, инвестициите за поддршка на младите се зголемуваат за уште 112 милиони денари, кои ќе бидат наменети за изградба на нови и реконструкција на постојни игралишта во:

• ОУ „Даме Груев“

• ОУ „Климент Охридски“

• ОУ „Трифун Пановски“

• ОУ „Ѓорѓи Сугарев“

• ОУ „Гоце Делчев“ – кај „турското училиште“

• ОУ „Коле Канински“ – Буковски Ливади

• Подрачно училиште ОУ „Тодор Ангелевски“ во Горно Оризари

Во Буковски Ливади ќе се реконструира објект со пренамена во училиште, во вредност од 30 милиони денари.

Значителни средства се издвојуваат и за спортско-рекреативни објекти. Изградбата на атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“ ќе чини 77 милиони денари, а за реконструкција на игралиштата во населба Стрелиште и тениското игралиште во Брусничка населба ќе се вложат 28 милиони денари.

Се предвидува и изградба на шест нови паркинзи, во вредност од 30 милиони денари, кои ќе обезбедат 150 паркинг места на локациите:

• Овчи Пазар,

• Ат Пазар

• улица Браќа Џаферови

• поранешната касарна

• кај Хеликоптерот

• Кифлата

Во делот на сообраќајната инфраструктура во градот, ќе се гради и реконструира поголем број улици. Ќе се изврши комплетна инфраструктурна изградба на:

• Улица „Донка Ушлиова“ во Јени маало

• Инфраструктура во АРМ Четврт 2 (поранешната касарна)

• Улиците околу болницата Плодност

Предвидена е реконструкција на улиците:

• „Влатко Миленковски“

• „Христо Ботев“

• „Димитар Тодоровски“ (ул. „11-та“)

• „Бегова чешма“

• „Булевар 1-ви Мај“ (кај стара Треска)

• „Ѓорѓи Димитров“

• „Даме Груев“ – Мал Париз крак 1, 2 и 3

• „Дебарска“

• „Караорман“

• „Мукос“

• „Љубојно“

• „5-та“ во населба Баир

• Дел од „Паца Ванчова“

• Дел од „Гаврило Принцип“

• „Васко Каранѓелевски“

• „Романија“

Проектите опфаќаат и изградба и реконструкција на улици во населените места од општината. Ќе се градат улици во:

• село Карамани

• патот до манастирот Св. Меркјури во село Барешани

• село Ротино

• село Раштани

• село Трн,

• село Братиндол и

• село Горно Ореово

Од општината истакнуваат дека ова е најголемата инвестиција во Битола во изминатите 30 години. Тие нагласуваат дека проектите не се дел од предизборна кампања, туку резултат на долгогодишна подготовка на проектната документација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Јапонија диверзифицира: Пристигнува руска нафта во Ехиме

02/05/2026
Борозан замина од Вардар и Македонија
Вести

Лазаров добива силен адут – Борозан потпиша за Алкалоид

02/05/2026
Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар
Вести

Правилото „7-1“: Тајната за подолг живот се крие во сонот

02/05/2026
Од 20 до 60 години – колку стомачни се нормални?
Вести

Што да јадат жените по 40 за подобар метаболизам и енергија

02/05/2026
СИЛЈАНОВСКА: Балканот не смее да остане периферија на периферијата, и ние има што да внесеме во ЕУ
Вести

Еколозите до претседателката: Не го потпишувајте Законот за минерални суровини, отровот не е патриотски или демократски, ќе ни ја уништи татковината

02/05/2026
Од банана до овес: Најдобри избори пред тренинг
Живот

Од банана до овес: Најдобри избори пред тренинг

02/05/2026
Следна вест
Пожарот кај Јажинце е ставен под контрола, информираат од ЦУК

Пожарот во тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ

Најнови вести

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Јапонија диверзифицира: Пристигнува руска нафта во Ехиме

02/05/2026
Борозан замина од Вардар и Македонија

Лазаров добива силен адут – Борозан потпиша за Алкалоид

02/05/2026
Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар

Правилото „7-1“: Тајната за подолг живот се крие во сонот

02/05/2026
Од 20 до 60 години – колку стомачни се нормални?

Што да јадат жените по 40 за подобар метаболизам и енергија

02/05/2026
СИЛЈАНОВСКА: Балканот не смее да остане периферија на периферијата, и ние има што да внесеме во ЕУ

Еколозите до претседателката: Не го потпишувајте Законот за минерални суровини, отровот не е патриотски или демократски, ќе ни ја уништи татковината

02/05/2026
Од банана до овес: Најдобри избори пред тренинг

Од банана до овес: Најдобри избори пред тренинг

02/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.