• Импресум
Friday, August 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Партиите добија бројче за изборите

28/09/2021
Време за читање: 1 минути
A A

Сподели
Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје.

1. Алијанса за Албанците

2. Алијанса за Албанците и Алтернатива

3. Алтернатива

4. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“

5. ВМРО Народна партија

6. Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ)

7. Движење БЕСА

8. Движење „Одлучно за промени“ (ЛДП и ДОМ)

9. Демократска партија на Албанците (ДПА)

10. Демократска унија за интеграција (ДУИ)

11. Демократска партија на Турците на Македонија

12. Коалиција „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ

13. Коалиција „Сите заедно“ – ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива

14. Левица

15. Партија за движење на Турците во Македонија (ПДТ)

16. СДСМ

Поради ситуацијата поврзана со пандемијата со ковид-19, седницата на која се одржа жрепката се одржа без присуство на овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи.

Во рамки на седницата се одржа и жрепка за доделувањето локации на рекламни паноа и билборди за политичко рекламирање.

Членовите на ДИК ги разгледаа и усвоија: записниците од 22. и 23. седница, политиката за воспоставување систем на заштита на личните податоци, правилник за избор и формирање посебни избирачки одбори.

Радица Ристеска,член на ДИК во врска со правилникот за избор и формирање посебни избирачки одбори рече дека тие се од од посебно значење за лицата кои ќе бидат пријавени за гласање претходниот ден пред денот определен за избори, значи 16 октомври за лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на ковид-19 или на кои им е одредена мерка за самоизолација со решение на ДСЗИ во зависност од нивниот број ДИК формира еден или повеќе избирачки одбори.

– Посебните избирачки одбори се составени од тројца здравствени работници, претседател и членови кои го спроведуваат гласањето на овие лица при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот одбор согласно одредби од Изборниот законик… – рече Ристеска.

ДИК ги разгледа и усвои и упатството за пријавување и гласање на лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на ковид-19 и лицата на кои им е одредена самоизолација.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху во врска со тоа упатство рече дека граѓаните кои се со позитивен тест или се во самоизолација треба да достават известување до општинските изборни комисии преку полномошник или електронски до општинската изборна комисија најдоцна пет дена пред денот определен за гласање.

– Полномошното лице кое поднесува известување за гласањето на овие лица треба да гласи само на член од потесното семејство, а тие кои немаат член од потесното семејство имаат право да даваат полномошно на друго лице кое може да поднесе известување за гласање најмногу за две лица. Тој кој еднаш се пријавил како полномошник не може уште еднаш да поднесе полномошно од друго лице. При електронското поднесување меил адреса може да се поднесе за најмногу две лица. Во самото пријавување до општинската изборна комисија се поднесува само известување, а комисијата по служвена должност прибавува податоци од ДСЗИ за лицата клои се пријавиле за гласање. ДСЗИ во рок од 24 часа треба до општинските изборни комисии да достави известување дали навистина тие лица се со позитивен тест или се во самоизолација… – истакна Шеху.

ДИК на денешната седница ги усвои: правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, правилникот за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и овластените лица во ДИК, правилникот за начинот на правење сигурносна копија, архивирање и чување и повторно враќање на зачувани лични податоци во ДИК, правилник за начинот на уништување на документите и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во ДИК, правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти во ДИК, упатството на општинските изборни комисии и изборната комисија на Град Скопје за обезбедување, чување, ракување и дистрибуција на изборниот материјал, образец број 18в, 18г, 18д, 31б, 31в, 31г, 31д, 19г, 19д, 20п, 20ф и 22, упатството за начинот и постапката на утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб
Вести

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот
Вести

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом
Вести

Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом

07/08/2026
Само во Македонија: Осуденик собрал 4.000 евра од командири, им ветил вработување во МВР
Вести

Претрес во затворот „Идризово“, кај 29-годишен осуденик откриена дрога

07/08/2026
Следна вест

Бочварски најави субвенционирани летови и во следната година

Најнови вести

Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом

Општина Битола: Се модернизира инфраструктурата кај Здравствениот дом

07/08/2026
Само во Македонија: Осуденик собрал 4.000 евра од командири, им ветил вработување во МВР

Претрес во затворот „Идризово“, кај 29-годишен осуденик откриена дрога

07/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.