Обилните дождови што ја зафатија областа денеска предизвикаа сериозно свлечиште во близина на црквата „Св. Константин и Елена“, соопштуваат од Црква Света Богородица – Скребатно преку социјалните мрежи.
Како последица на одронот, патниот правец што води кон црквата „Св. Богородица“ е целосно непрооден. Надлежните служби се на терен и во моментов се работи на расчистување на патот, информираат од селото Скребатно, пренесе Охридпрес.
Од локалната заедница упатуваат апел до граѓаните и посетителите кои имаат намера да се движат кон селото да бидат особено внимателни. Доколку врнежите продолжат, постои реална можност за појава на нови одрони и дополнително влошување на состојбата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












