• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Пикот на грипот се очекува за две до три недели, вели министерот Алиу

05/01/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Пикот на грипот се очекува за две до три недели, вели министерот Алиу

Пикот на сезонскиот грип се очекува во наредните две до три недели, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Тој посочи дека во овој период од годината традиционално се бележи зголемен број пациенти со симптоми на грип кои бараат здравствени услуги, но состојбата засега не е алармантна.

– Во моментов немаме зголемен број заболени за да можеме да кажеме дека ситуацијата е полоша во споредба со претходните години. Сè уште не сме во пикот на сезонскиот грип за да правиме целосна компарација меѓу оваа и минатата година – истакна Алиу.

Министерот информираше дека годинава е постигнат рекорден интерес за вакцинација против грип.

– Задоволство ми е да соопштам дека првпат досега 77.000 граѓани се вакцинирале против сезонски грип. Тоа е најдобриот и најефикасен начин телото да се заштити од ова заболување – нагласи тој.

Според неговите информации, на располагање останале уште околу 3.000 дози вакцини.

– Граѓаните нема потреба да се пријавуваат преку системот за вакцинација, туку можат директно да се обратат во здравствените установи. Вакцинацијата е клучна, особено за ризичните категории – постари лица, бремени жени и здравствени работници – додаде Алиу.

Изјавата министерот ја даде по прес-конференцијата посветена на кампањата за подигнување на свеста за опасностите од употребата на пиротехнички средства.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале
Вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР
Вести

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Следна вест
Баерн го претстави Ненад Димитријевиќ, дебито се чека против Басконија

Баерн го претстави Ненад Димитријевиќ, дебито се чека против Басконија

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.