• Импресум
Monday, June 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

„Пиротехника имаше и порано, ја носеше човек од Скопје“ – нов детал од судењето

02/02/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“

Сведочења за функционирањето на дискотеката „Пулс“, безбедносните пропусти, издавањето билети, моментот на избувнување на пожарот и последиците што ги трпат повредените и денеска, беа изнесени на денешното продолжение на судењето во затворот Идризово за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Прв сведочеше гостин кој во пожарот се здобил со тешки телесни повреди и бил на лекување во Словенија. Тој опиша дека поради вдишување густ чад имал целосно оштетени дишни патишта, со трајни последици врз дишењето. Сведокот зборуваше за изгледот на дискотеката по реновирањето, моментот кога се појавил густ црн чад со мирис на пластика и паниката што настанала меѓу присутните. Тој најави имотно-правно побарување и приклучување кон кривичниот прогон.

Вториот сведок, кој работел како шанкер од отворањето на дискотеката во 2012 година, изјави дека со години работел без договор и без осигурување, а дури во 2023 година бил пријавен на половина работно време. Тој предизвика повеќе реакции во судницата поради контрадикторни одговори и повеќекратни испрашувања од Обвинителството, одбраната и судот.

Сведокот посочи дека газдата Деко ги давал наредбите и дека на крајот од вечерта вработените добивале дневница од 1.500 денари. Рече дека видел два или три противпожарни апарати, но немал обука за заштита при работа. Според него, дискотеката имала два до три излези, но не знае дали сите биле користени критичната вечер.

Тој наведе дека во дискотеката имало околу 500 посетители и дека сите маси биле полни, меѓу кои и малолетници. Пожарот започнал околу 2:35 часот, кога бендот извикал дека гори, а газдата се обидел да гаси со ПП апарат. Пиротехника, како што рече, се користела и претходно, а ја поставувал човек од Скопје.

Сведокот опиша дека огнот се ширел многу брзо, дека дел од луѓето не ја сфатиле сериозно опасноста и дека настанал хаос и гужва при обидот за излез. Тој се засолнил во тоалет и подоцна бил пренесен на лекување во Грац, со трајни проблеми со дишењето. Најави оштетно побарување, но без приклучување кон кривичниот прогон.

Третиот сведок изјави дека вечерта бил во друг локал, но двапати влегол во дискотеката „Пулс“, при што вториот пат влегол без да купи карта. Тој рече дека не видел легитимирање, ниту контрола на возраста на децата што биле со него. По активирањето на пиротехничките средства, забележал дека нешто гори, а по кратко време пожарот се проширил.

Сведокот опиша дека повиците за евакуација биле нејасни, дека настанало стампедо и дека тешко успеал да излезе. Потоа сам се упатил во болница, од каде поради сериозни респираторни проблеми бил испратен на лекување во Полска, каде поминал речиси еден месец. Тој наведе дека вечерта имало присуство на униформирана полиција во дискотеката и најави оштетно побарување и приклучување кон кривичниот прогон.

На почетокот на рочиштето, одбраната побара Обвинителството да ја преиспита одлуката за запирање на постапката против дел од полициските службеници, укажувајќи на можност за поистоветување со актуелните обвиненија. Обвинителството возврати дека тие одлуки не се конечни и дека обвинителниот акт што се разгледува не опфаќа полициски службеници.

Судењето го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во фаза на доказна постапка со сослушување сведоци. Следното рочиште е закажано за 5 февруари.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Истрагата утврди дека објектот работел со години без дозволи, без противпожарна заштита, со над дозволен број посетители и со незаконска употреба на пиротехнички средства.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек
Вести

Повеќе смртни случаи во грчките води во последното деноноќие

22/06/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

Вашингтон и Техеран договорија патоказ за преговори во наредните 60 дена

22/06/2026
Судот во Хаг санкционира член на ОВК од Косово, отвора ли тоа прашања и за четирите „Хашки случаи“ од Македонија?
Вести

Врвни судски претставници од Европа се собираат во Скопје

22/06/2026
Анкета на CRPC: Граѓаните немаат доверба во државните институции, а 45,35% сметаат дека државата се движи во погрешна насока
Вести

Владата најавува поефикасен тим, опозицијата тврди дека ќе има само козметички промени

22/06/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

Планиран прекин на електричната енергија во Карпош од 09 до 14 часот

22/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Попладне невреме во делови од Македонија, температурите ќе достигнат до 36 степени

22/06/2026
Следна вест
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи

ПМФЛ се враќа на 10 февруари: ФФМ со јасен распоред и лидер Вардар на врвот

Најнови вести

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

Повеќе смртни случаи во грчките води во последното деноноќие

22/06/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

Вашингтон и Техеран договорија патоказ за преговори во наредните 60 дена

22/06/2026
Судот во Хаг санкционира член на ОВК од Косово, отвора ли тоа прашања и за четирите „Хашки случаи“ од Македонија?

Врвни судски претставници од Европа се собираат во Скопје

22/06/2026
Анкета на CRPC: Граѓаните немаат доверба во државните институции, а 45,35% сметаат дека државата се движи во погрешна насока

Владата најавува поефикасен тим, опозицијата тврди дека ќе има само козметички промени

22/06/2026
Половина Скопје утре без струја

Планиран прекин на електричната енергија во Карпош од 09 до 14 часот

22/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени

Попладне невреме во делови од Македонија, температурите ќе достигнат до 36 степени

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.