Полициски службеници од СВР Скопје вчеравечер лишиле од слобода 52-годишна жена поради напад врз службено лице.
Инцидентот се случил во 20:40 часот пред Полициската станица Гази Баба, каде Е.Д. (52) од Скопје физички нападнала полицаец додека тој извршувал службени дејствија. Покрај физичкиот напад, таа му упатила и закани.
По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












