ЈСП Скопје информира дека по повод 1 Мај, за време на продолжениот викенд (1 до 3 мај 2026), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Од претпријатието посочуваат дека денеска и во недела (3 мај) дежурна ќе биде билетарницата на Транспортниот центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот.
Во сабота, пак, билетарниците и центрите за персонализација ќе функционираат со редовното работно време – тие што работат во две смени од 08:00 до 18:00 часот, а оние во една смена од 08:00 до 13:00 часот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












