Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка и изнесува минус еден степен, додека највисока утринска температура е регистрирана во Гевгелија – осум степени Целзиусови.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, во Битола се измерени 0 степени, во Прилеп, Тетово и Маврови Анови еден степен, во Крива Паланка, Берово, Велес, Кавадарци, Крушево и Лазарополе два степена, во Скопје (Зајчев Рид и Петровец), Струмица, Охрид и Претор три степени, а во Штип, Виница и Демир Капија пет степени.
Количината на наврнат воден талог во изминатите 24 часа во Пожаране, Лазарополе и Пожар изнесува еден литар на метар квадратен.
Висината на снежната покривка до 7 часот изутринава на Попова Шапка достигнува 29 сантиметри, додека во Маврови Анови се измерени девет сантиметри снег.
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во текот на ноќта, претежно во југоисточните делови од земјата, ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од седум до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со умерен до засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд, а максималната температура ќе достигне околу десет степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












