• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ретроспективна изложба на Живко Поповски: „Живот посветен на архитектурата“

02/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Ретроспективна изложба на Живко Поповски: „Живот посветен на архитектурата“

Во Музеј на современата уметност Скопје (МСУ), на 3 септември, се отвара ретроспективна изложба како прва сеопфатна презентација на делото на еден од највлијателните македонски архитекти – Живко Поповски, со поддршка на Министерството за култура и туризам, како проект од национално значење за 2025 година.

Темелена врз повеќегодишно истражување на проф. д-р Анета Христова – Поповска и проф. д-р Мери Батакоја, изложбата го осветлува неговиот проектантски опус, претставен со ексклузивни материјали од приватната архива. Публиката ќе има можност да види десетици оригинални проекти, цртежи, фотографии и видеа, кои за првпат го откриваат целосниот спектар на неговите авторски преокупации.

Музеј на современата уметност – Скопје

Сиот овој документарен материјал испишува една поубава стварност за нашите градови и го прикажува Живко Поповски како вистински вљубеник во архитектурата, кој го посветил сиот свој живот неуморно замислувајќи и проектирајќи архитектура со интимна посветеност. Дополнително, низ оваа изложба, архитектонската имагинација на Живко Поповски се разоткрива како исклучително комплексна и дијалектичка — со преокупации кои се протегаат од модернистичката универзалност до силната културна самосвест и длабоката грижа за локалните континуитети, од рациото на модерниот артефакт до ексцентричноста на ликовната интуитивност и постмодерната текстуалност.Неговата архитектура е жива форма — која, како и животот, е повеќегласна и постојано во еволуција.

Музеј на современата уметност – Скопје

Кураторската поставка ја следи оваа полифонична траекторија низ шест тематски целини:
• ХОЛАНДСКА ЕПИЗОДА Архитектурата на отворенотo општество
• ФОКУС „ГТЦ – СОБРАНИЕ НА ГРАД СКОПЈЕ“ Урбархитектурата на дело
• АРХИТЕКТОНСКИ КОНКУРСИ Рефлексија на самоуправувањето во архитектурата
• ОХРИДСКА АРХИТЕКТОНСКА ШКОЛА За критичкиот регионализам и татковинските места
• НА СКОПЈЕ, СО ЉУБОВ! За градот што може(ше) да биде
• ОБРАСЦИ НА АРХИТЕКТОНСКАТА ИМАГИНАЦИЈА Авторски теми и семантички идиосинкразии. Наместо линеарна биографија, изложбата се гради како простор на резонанци, каде тематските целини се прелеваат една во друга, претставувајќи го делото на Живко Поповски како траен потсетник дека архитектурата може – и треба – да биде и длабока авторска опсесија, и интелектуална позиција, а притоа и натаму да остане културен проект со недвосмислена јавна одговорност.

Во нејзината реализација великодушно придонесоа Комората на овластени архитекти и инженери на Република Македонија и Пријателите на МСУ – Скопје. Сите материјали се дел од приватната архива на Живко Поповски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици
Вести

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов
Вести

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје
Вести

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја
Вести

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Вести

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Следна вест
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, но сега е 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор

Најнови вести

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.