• Импресум
Thursday, June 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ристески: Селекторот Груби го пушта Ковачевски да игра само наместени натпревари

28/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Ристески: Селекторот Груби го пушта Ковачевски да игра само наместени натпревари

Oчигледно денес премиерот има дозвола да одговара само на пратенички прашања од власта или со фудбалски речник селекторот Груби го пушта да игра само наместени натпревари, рече пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за собраниски прашања. Ристески постави три прашања две од областа на здравството и едно од областа на правдата, ресори кои добија нови кадри со реконструкција на Владата и влезот на алијанса за Албанците.

Ристески го праша министерот за здравство, Фатмир Меџити, поточно укажа дека додека траеше пазарењето тој да биде министер „во здравствениот сектор се случуваше хаос, а пациентите останаа колатерална штета, немаше договори за инсулин, умираа од сепса, ретки бактерии“.

„Одговорност нема за Гордана од Прилеп, Благојче од Битола и деновиве малата Јана исто од Битола. Барам веднаш расчистување на случајот со малата Јана, а министерот Меџити и директорската на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Младеновска да се фатат за работа, а не да промовираат донации“, рече Ристески.

Второто прашање беше во врска со цистичната фиброза.

„По гласање на измените на соодветниот закон за набавка на лекови за ретки болести меѓу кои и цистичната фиброза ве прашувам кога ќе го има лекот Трикафта за сите, потоа зошто на овие по 26 годишна возраст им се укинува правото за неплаќање на медицински услуги кога тоа е болест која има прогресија, и дали воопшто планирате и кога да има центар за болни од цистична фиброза зошто по 18 години се упатуваат на Клиниката за пулмологија каде нема услови за овие пациенти“, праша Ристески.

Ристески се осврна и на Извештајот на Стејт департментот кој е најлош извештај за состојбата со човековите права.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН ги објави резултатите за стипендии за магистерски студии – доделени 34 од предвидените 50 стипендии
Вести

МОН и институциите со заедничка акција против семејното насилство

18/06/2026
Трамп наводно донел одлука: Се подготвува американска воена акција во Иран
Вести

САД и Иран најавија траен прекин на воените операции

18/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Прекин на водоснабдувањето на улицата „Димитрие Чуповски“

18/06/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

Варвара и Бардовци со неколкучасовен прекин на струјата

18/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

Сончево претпладне, можно невреме попладне

18/06/2026
Нов силен земјотрес од 7 степени го погоди истокот на Русија, стотици афтершокови по историскиот потрес на 30 јули
Вести

Дрон удри автобус со деца во Брјанска област, Москва бара меѓународна осуда

17/06/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за среда, 29-ти март 2023-та

Дневен хороскоп за среда, 29-ти март 2023-та

Најнови вести

МОН ги објави резултатите за стипендии за магистерски студии – доделени 34 од предвидените 50 стипендии

МОН и институциите со заедничка акција против семејното насилство

18/06/2026
Трамп наводно донел одлука: Се подготвува американска воена акција во Иран

САД и Иран најавија траен прекин на воените операции

18/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Прекин на водоснабдувањето на улицата „Димитрие Чуповски“

18/06/2026
Половина Скопје утре без струја

Варвара и Бардовци со неколкучасовен прекин на струјата

18/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Сончево претпладне, можно невреме попладне

18/06/2026
Нов силен земјотрес од 7 степени го погоди истокот на Русија, стотици афтершокови по историскиот потрес на 30 јули

Дрон удри автобус со деца во Брјанска област, Москва бара меѓународна осуда

17/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.