• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ристовски: Димевски е полн со криминали, одлуката не му ја почитувам!

28/04/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Ристовски: Димевски е полн со криминали, одлуката не му ја почитувам!

Македонскиот голман и член на Вардар 1961, Борко Ристовски, свика прес-конференција на која говореше за суспензијата која му ја изрече Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), по барање на првиот човек Даниел Димевски, а е во времетраење од четири години.

Чуварот на мрежата на Вардар 1961 стои дека е казнет дека „како претставник на политичка партија во ТВ емисија „За или против“ изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни по МОК“.

„Мислам дека од денес ќе почне една нова страница во македонскиот спорт и ќе се разјаснат многу работи. Можеби некој го знаеше она кое се случува во спортот, но не се објавуваше јавно. Знаевме дека зад еден човек стојат повеќе лоши работи, но јас бев премногу спортски, премногу македонски настроен. Ама овој пат, ќе го докамеже криминалот со документи и ќе оставиме на надлежните органи да реагираат и пресудат.

Одлуката на г-динот Даниел Димевски најмногу се базира на страв и на немоќ, затоа што апсолутно е неправно издржана. Тој мисли дека со одредена ваква дисциплинска постапка, или казна, ќе ме одврати од намерата да ме заврши она коешто сум го почнал. Сакам да појаснам дека денес исклучително настапувам како Борко Ристовски, како спортист, така ќе ја водам и оваа битка. Сакам да се тргнат овие луѓе од спортот. Г-динот Димевски се прецени во неговите напади. Пред некого да нападнете, треба да го запознаете вашиот противник и да го знаете човекот. Ние имаме документи, а институциите ќе одлучат каков и дали имало криминал.

Човекот кој позади себе знае дека има многу индиции за сторен криминал, по мое гостување на една ТВ, се одлучи да се затскрива зад МОК, доведувајќи го во подредена ситуација, една таква институција. Тој правно можеше да поднесе пријава за клевета на суд па таму да се докажуваме, но реши да донесе една нелегитимна одлука која ниту ќе ја почитуваме, ниту ќе се жалиме“, изјави Ристовски.

Во името на Борко Ристовски говореше и адвокатот Гого Атанасијевиќ кој беше претставник на својот клиент.

„Би почнал од вчерашниот дел каде ретерирањето на повиканот за одлуката, претседателот на Дисциплинската комисија на МОК, само ја потврдува тежината на одлуката и начинот на кој таа е донесена. По бројни консултации со колеги и правници, ова е типичен пример на т.н слаб-тужба која има за цел да го заплаши и да ме одврати од намерите мојот клиент во своето постапување“, кажа Атанасијевиќ во своето обраќање.

На конференцијата беа поделени документи како докази, во кои се има договори за закуп за државен имот. Се работи за случајот со салата СРЦ „Кале“ кој Антикорупциската комисија го води против Даниел Димевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа
Вести

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

16/06/2026
Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид
Вести

Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

16/06/2026
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех
Вести

Мицкоски: Нова фабрика во ТИРЗ Тетово ќе вработи до 500 луѓе

16/06/2026
Ердоган тврди дека води на предизборните анкети
Вести

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа
Вести

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија
Вести

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Следна вест
„Левис 501“ – 150 години постоење

„Левис 501“ – 150 години постоење

Најнови вести

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

16/06/2026
Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

16/06/2026
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех

Мицкоски: Нова фабрика во ТИРЗ Тетово ќе вработи до 500 луѓе

16/06/2026
Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети сѐ уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни

Јаневска: Државната матура помина со многу помалку препишување од претходно

16/06/2026
Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.