Повторно огнот заигра на Блискиот Исток. Американската војска соопшти дека потопила шест мали чамци во Ормутскиот теснец, а дека два трговски брода под нивно знаме успешно го поминале теснецот.
Министерството за одбрана на Емирати соопшти дека Иран лансирал четири крстосувачки ракети, при што три биле соборени, а една паднала во морето. Британската војска објави дека два товарни брода се запалиле во близина на Теснецот.
Иран соопшти дека најновата иницијатива на САД за отворање на Теснецот е кршење на кревкото примирје и повторно предупреди дека бродовите што минуваат низ теснецот мора да се координираат со нив.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












