Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска во Скопје ќе биде домаќин на меѓународна конференција на која ќе биде промовирана „Скопската иницијатива“, платформа за соработка меѓу прогресивните и социјалдемократските партии од регионот и Европа.
Од СДСМ информираат дека иницијативата ја покренал претседателот на партијата Венко Филипче, со цел заедничко делување против авторитарни тенденции, зајакнување на борбата против корупцијата и забрзување на европската интеграција на Западен Балкан.
Настанот се надоврзува на претходни регионални и европски иницијативи за мобилизација на прогресивните сили, како и на пораки од глобални собири на социјалдемократските партии во Европа.
Конференцијата е организирана од СДСМ и Корчуланската висока школа, во партнерство со меѓународни институции и фондации, а е најавено учество на претставници од европски и регионални социјалдемократски партии, како и од политички групации на европско ниво.
Според најавите, целта на собирот е зајакнување на соработката меѓу прогресивните политички сили и креирање заеднички пристап кон актуелните политички и општествени предизвици во регионот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












