• Импресум
Tuesday, June 30, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Се одбележува споменот на свети Сава

27/01/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Се одбележува споменот на свети Сава

Свети Сава е син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст.

Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хилендар, а потоа и многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја.

Двапати патуваше на поклонение во Светата земја. Ги измируваше своите браќа раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после литургијата на Богојавление, на 12-ти јануари 1236 година.

Кралот Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го зеде и го запали на Врачар во Белград, на 27-ми април 1595 година.

За овој најголем српски светец кој се празнува утре врзани се неколку народни верувања.

За свети Сава мора да се пости, со исклучок ако не паѓа во среда или во петок. Се верува дека овој светец може да ги смири морето и бурите како и да створи вода од каменот.

Постои и верување дека на овој ден не треба да се носи црвено, ниту да се острат ножеви, коси или други алати. Ова верување потекнува од старите времиња, додека селаните стравувале волците да не им ја изедат стоката. Свети Сава се сметал за пастир и заштитник на стоката, па на овој ден стоката обично сама се пуштала на пасење. Меѓутоа црвено не се носело зошто веројатно бојата на крвта ги привлекува волците. Исто така на денешен ден не треба да се оштрат ножеви или било кој алат за да не се предизвикуваат волците.

Постои и вервање дека е лош знак ако на свети Сава загрми и дека тоа значи дека нешто лошо ќе се случи, зошто ударите на гром се многу ретка појава во зима. Исто така постои и верување дека ако денот е сончев на Свети Сава ќе донесе благосостојба и среќна и родна година.

Иако овој празник со црвено е одбележан во календарот на СПЦ, се верува дека обратно треба да се работи од она што е вообчаено за големите празници. Тој ден стоката се испраќа на пасење, а домаќинот треба да си ги заврши важните домашни работи. Жените смеат да работат домашни работи, а дури е пожелно да направат големо чистење. Се смета дека и децата на Свети Сава треба да научат нешто ново, дури и некоја нова песна, зошто во спротивно ќе станат мрзливи и неа доволно да напредуваат цела година.

Утре инаку е и неработен ден во Македонија за припадниците од српската заедница.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Државниот секретар на САД ја нагласи улогата на Европа на Минхенската конференција
Вести

САД предупредуваат на хаос ако Иран воведе наплата во Ормуската Теснина

25/06/2026
Следна вест
Aркан немал пари да ја доправи куќата во близина на стадионот на Звезда

Aркан немал пари да ја доправи куќата во близина на стадионот на Звезда

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.