Карабах излезе како победник (0:1) на првиот од двата натпревара со македонскиот првак Шкендија и ќе има минимална предност во пресрет на реваншот на домашен терен.
Гостите од Азербејџан ги потврдија своите квалитет и воиграност на националната арена во Скопје, Шкендија не ги искористи своите шанси, па на крајот без постигнат гол мораше да се соочи со минимален пораз пред своите фанови.
Клучен момент на натпреварот беше пеналот кој беше досуден уште во раната фаза, а Бајрамов го претвори во гол во 18. минута.
До крајот немаше промени на резултатот, па Шкендија ќе мора да брка победа на гостувањето во Баку, во обид да ја неутрализира негативата од првата средба.
Реваншто во Азербејџан е закажан за следниот вторник.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













