Најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ повеќе не е на клупата на Партизан. По тешкиот пораз од Панатинаикос и разочарувачкиот старт во Евролигата (1 победа, 7 порази), „Жоц“ реши да преземе одговорност и да си поднесе оставка.
Обрадовиќ, кој се врати во клубот пред четири и пол години со цел да го врати во европската елита, им се обрати на навивачите со отворено писмо. Напиша дека го остварил својот сон со враќањето на Партизан во Евролигата, но дека лошите резултати го натерале на овој чекор.
Партизан ја започна сезоната со големи амбиции и буџет од 27 милиони евра, но формата на тимот не ги оправда очекувањата.
Оставката ги изненади и играчите. Алексеј Покушевски на социјалните мрежи му се заблагодари на тренерот со кратка порака: „Ти си Партизан. Фала ти за сè. Не требаше вака да заврши.“
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













